Мексико испрати војници и полицајци на границата со САД

Мексико испрати 15.000 полицајци и војници на границата со САД на основа на билатералниот договор за спречување на илегалната миграција.

– Распоредивме вкупно 15.000 лица од војската и националната гарда на северот од земјата – изјави мексиканскиот министер за одбрана, Луис Крезенсио Сандовал на прес-конференција.

Тој рече дека 6.500 лица се испратени на границата со Гватемала, за да се спречи бранот на неколкуте илјади мигранти од Централна Америка.

Претседателот на САД, Доналд Трамп кон крајот на мај се закани со царини на увоз на сите производи од Мексико, ако земјата не го спречи мигрантскиот бран.

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

Заврши распитот на Кичеец, во тек е распитот на Боки 13

Пред околу половина час заврши распитот на втроосомничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер