Мажите сé уште доминираат во политичкиот живот, покажа Извештајот за самопроценка на родовата сензитивност на Собранието

 Мажите се уште доминираат во политичките партии, во јавниот и политичкиот живот, а иницијативите за родова еднаквост се сведуваат се уште на социјални прашања. 

Земјава има постигнато одреден напредок во унапредувањето на родовата еднаквост, но сепак жените остануваат недоволно застапени во политиката на сите нивоа на носење одлуки. Родова квота има само во изборот на пратеници, но и покрај тоа политичките партии ги ставаат жените на пониски недобитни позиции.

Ова го покажува „Извештајот од самопроценката на родовата сензитивност на Собранието" презентиран денеска на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите.

-Извештајот го препознава направениот напредок и заложбите на Република Северна Македонија да ја унапреди родовата еднаквост. И покрај тоа што е направен напредок со отстранување на формалните пречки за политичко учество на жените на тој начин што се вклуени родови квоти и е подигната свесноста, сепак тие остануваат недоволно застапени во политиката на сите нивоа на носење одлуки, рече шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која.

Собранието, додаде тој, треба да работи во потесна врска со Владата за да обезбеди проценката на родовото влијание да биде извршена пред легислативата да биде поднесена во законодавниот дом.

Националниот програмски офицер од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Резарт Мехмед, кој го презентираше Извештајот, рече дека тој покажува оти земјава има солидна законска рамка за унапредување на родовата еднаквост во јавниот и политичкиот живот. Едно од добрите решенија, додаде е и родовата квота за листите за избор на пратеници, но спорно е, додаде тоа што се ставаат на места подолу на листите кои најчесто се недобитни. Исто така, рече тој, нема квота за извршната власт и за градоначалничките функции, и затоа само четири жени во извршна власт имаат министерски функции, а само шест се градоначалници од вкупно 81 општина.

-Сé уште мажите доминираат во политиката, а иницијативите за родова еднаквост се сведуваат сé уште на социјални прашања, рече тој.

Додаде дека во Извештајот, меѓудругото, се препорачува да се размисли за воведување на 50 отстотна родова квота по патент систем ефикасен за затворени листи за избор на пратеници, да се направи родова анализа на финансирање на политичките партии за да се согледа можност за поголема видливост на жените во изборната трка, како и ревизија на законска рамка за финансирање на политички партии за финснсика стимулација на оние кои би обезбедиле родов паритет во пратеничките групи.

Потпретседателката на Собранието, Фросина Ташевска-Ременски, истакна дека Собранието треба да работи на унапредување на родовата еднаквост, и на унапредување на положбата на жената не само во политичкиот и јавниот живот туку во општеството воопшто.

-Ние пратеничките од различни политички партии во Собранието имаме консензус и тоа ќе го направиме на првиот нареден погоден момент и ќе тежнееме за застапеност на жената во политиката 50 – 50, и тука може да кажеме дека ги собравме потребните потписи и поддршка. Но тоа éе само еден сегмен од она што треба да се направи како реформа на јавната свест и мислење за улогата на жената нејзините права и практикување на права на сите нивоа на власт и институции, рече таа.

Претседателката на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, Даниела Рангелова рече дека состојбите на кои се укажува во Извештајот можеби не се идеални, но вели, тој може да биде патоказ како во кој дел треба да се унапреди родовото прашање.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност

Многу е важно да се земе активно учество во овие избори. Резултатот во првиот круг беше би рекол историски. 

Владата е делегитимирана и треба да оди во опозиција и СДСМ и ДУИ, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот митинг во Неготино.

Мицкоски посочи дека СДСМ денес се претвори во обичен измеќар на ДУИ, затоа ова што им се случува не е случајност.

„ДУИ и СДСМ мора да одат во опозиција.

Мора да престане праксата ДУИ ќе биде малку со ВМРО-ДПМНЕ, па со СДСМ. ДУИ сака да го понижи македонскиот народ и да ја клекне на колена Македонија. Ми пречи криминалот на ДУИ. Тие повеќе од 20 години крадат од сите вас. Тие повеќе од 20 години ја урнисуваат Македонија. СДСМ мислеа дека противник им е ВМРО-ДПМНЕ, а не гледаа што прават од ДУИ“, кажа Мицкоски.

Затоа, додаде Мицкоски, сакам да предупредам за нешто за што имам информации дека се случува.

„Банди од ДУИ обиколуваат граѓани. Ќе се обидат да го купат гласот, ќе се обидат ДУИ да има пратеник во изборните единици 3 и 4. Секој бандит кој ќе нуди пари, практично ви нуди ваши пари, украдени од вас. Предупредувам да не биде дека не сум кажал. Мои браќа и сестри се сите граѓани, но нема простор за криминалците. Тие знаат што ги чека. Јас нема да правам пакт со криминалот, туку ќе го истребам. Мора да има одговорност за криминалот“, вели Мицкоски.

Мицкоски посочи дека ќе тропне на секоја порта.

„Македонија е држава на лојални граѓани без разлика на етничка припадност. Ќе побараме поддршка, ќе замолиме, ќе предупредиме дека ова се клучни избори. Секој човек ќе го убедам дека секој мора да излезе да ставиме крај на ова уништување на државата“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека ова е момент да се обединиме.

„Ги повикувам сите, поддржувачи на СДСМ, оние кои останаа дома, сите да излеземе против оваа власт. Вашата доверба нема да ја изневериме потребна е поддршка за Македонија“, рече Мицкоски, се наведува во партиското соопштение.

Стојаноска: Народот се обединува околу Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Во вечерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија гостуваше носителката на ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, истакна дека народот се обединува околу еден кандидат за претседател кој достоинствено ќе не претставува.

„Ние подаваме рака и повикуваме на обединување. Како ВМРО-ДПМНЕ сме обвинувани за антиевропска, за албанофобна партија. Од вчерашните анкети што се направени од изборните резултати докази за нас дека имаат гласано и другите националности што значи дека не е пречка припадноста на друга националност па и на друга политичка партија туку дека народот се обединува околу тоа да имаме еден кандидат за претседател, да имаме претседател на држава кој достоинствено ќе не претставува и чија што една од десетте постулати на нејзината програма е претседател на сите граѓани“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека се презадоволни од она што народот го искажа пред два дена.

„Презадоволни сме од она што народот го искажа пред два дена. Народот конечно се охрабри, на народот не влијаеа сите притисоци од актуелната власт и сите начини кои умешно знаат да ги користат. Овој пат навистина чашата е прелеана. Им се заблагодарувам и честитам на тие што уште во првиот круг излегоа го кажаа својот глас дека повеќе не сакаат да функционира како досега, туку сакаат промени, сакаат нешто што ќе значи слобода, вистинска демократија и вистински европски вредности бидејќи сето ова досега беа само лажни европски вредности, злоупотреба на европско знаме и злоупотреба на вистинските европски вредности“, вели Стојаноска.

Во однос на изборната програма Платформа 1198, Стојаноска истакна дека програмата е изработена врз основа на барањата и предлозите од страна на граѓаните.

„Нашата изборна програма Платформа 1198 нуди исто толку проекти кои се изработени врз основа на барања и предлози кои стигнале од граѓаните со кои сме биле во постојан контакт изминатиов период. Преточени се преку партиски експерти, соодветните делови од програмата и конечно пресметани од експертите по финансии. Сето тоа што е сочинето во програмата е побарано од нас, ние тоа што го имаме во програмата го ветуваме. Видоа граѓаните во изминатите седум години кои што ветуваше и кои што беше во можност дали истото го реализира“, рече Стојаноска.

Институтот за јавно здравје одбележа 100 години од постоењето

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска свечено го одбележа неговото 100-годишно постоење. 

Меѓу другото, беа спомнати и заканите како Ковид-19 и дезинформациите околу безбедноста на вакцините. На настанот во Скопје беше промовирана и монографијата со наслов „100 години - Институт за јавно здравје на Македонија, 1924-2024 година - чувар на јавното здравје“.

Директорот, доктор Шабан Мемети зборуваше за превентивните активности што биле насочени кон закани како што се нови варијанти на инфлуенца вирусот, коронавирусот.

- Несомнено, еден од најголемите предизвици со што се соочивме во последната деценија е пандемијата со вирусот Ковид-19. Пандемијата ги тестираше нашите отпорност и способност како никогаш досега, подвлече Мемети.

Сепак, преку колективни напори, тие се движеле низ овие турбулентни времиња со издржливост и решителност.

- Денес одбележуваме 100 години посветеност на грижа на јавното здравје. Еден век витална мисија за превенција на заразните и незаразните болести, што претставуваат закана, не само за населението на Македонија, туку и глобално, додаде директорот на ИЈЗ.

Мемети се осврна и на дезинформации и скептицизам изминатите години околу безбедноста и ефикасноста на вакцините, поради што, како што рече тој, се соочуваме со епидемии на болести што се превентабилни.

Според министерот за здравство Илир Демири, пандемијата од Ковид-19 бил најдобар показател за значењето и улогата на Институтот за јавно здравје.

- Со што, се уверивме, колку е битен Институтот за јавно здравје и колку е битна специјалноста - епидемиолог, истакна Демири.

Тој, меѓу другото, рече и оти треба во многу блиска иднина да се формираат и други одделенија, сектори во склоп на Институтот за јавно здравје, во склоп на Министерството за здравство, со цел развој на програми што се во улога на превенција на здравјето и за да имаме поквалитетен здравствен систем.

Пред присутните, преку видео-обраќање, говореше и директорот на Регионалната канцеларија за Европа на СЗО, доктор Ханс Хенри Клуге.

- Ова патување почна во 1924 година, кога беше основан Институтот за тропски болести во Скопје и се разви од станица за бактериологија до лабораторија за тестирање заразни болести. Оттогаш, развојот на Македонија беше неверојатен, подвлече Клуге.

Тој рече дека тие ќе продолжат да бидат наш стабилен партнер во јавното здравје, „сега и засекогаш“.

Со видео-порака се обрати и директорката на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите, доктор Андреа Амон.

- Во споредба со вашиот институт, нашиот, ЕЦДЦ, е многу млад. Многу сум задоволна што во изминативе 15 години, нашата соработка вроди во плодно и зрело партнерство, истакна Амон.

притисни ентер