Фото: Јокиќ како коњушар на хиподром!!!

НБА ѕвездата на Денвер Никола Јокиќ летниот одмор го минува во родната  Србија во друштво на своите коњи.

Високиот центар пред стартот на репрезентативните подготовки слободното време најчесто го минува  на хиподромот во Белград  гледајќи трки во кои учествуваат неговите коњи.

Во една од трките коњот на  Јокиќ го освоил третото место ,но  потоа е дисквалификуван поради долгиот галоп што не бил дозволен.

Ридско-брзинска трка викендов на Водно

В сабота, 20.07.2019, со почеток во 12:00 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг, а патеката ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај од 9:00 до 17:00 часот.

На Водно претојниов викенд ќе биде одржан Меѓународниот ридски натпревар во автомобилизам кој се бодува за FIA CENTRAL EUROPEAN ZONE, Шампионатот на Македонија и за Шампионатот на Србија, соопшти организаторот АКК „КАСТУМ КАР РЕИСИНГ ТИМ" – Скопје.

В сабота, 20.07.2019, со почеток во 12:00 часот ќе биде одржан неофицијалниот и официјалниот тренинг, а патеката ќе биде затворена за секаков вид на сообраќај од 9:00 до 17:00 часот.

В недела, 21.07.2019 година, од 12:00 часот ќе се одржи натпреварот (прва и втора трка). Патеката ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 9:00 се до 17:00 часот.

Од 9:00 до 17:00 часот абрана за сообраќај ќе има и на потегот од ул. „Тасино чешмиче" до хотел „Средно Водно" и обратно.

Патеката  се наоѓа на патниот правец со старт од кај стар хотел „Водно" и цел на 3.500 метри кон Средно Водно, која е приспособена за ваков вид на натпревари.

Патеката е долга 3.500 метри и со широчина од околу шест метри.

Организаторите апелираат до граѓаните на Скопје на разбирање и поддршка за успешно одржување на трката.

Се продава свадбениот јагуар на Цеца и Аркан

Паднала цената на супер луксузниот автомобил Јагуар во кој балканската музичка ѕвезда Цеца и нејзиниот покоен сопруг Жељко Ражнатовиќ Аркан се возеле на венчавката. 

Купен е за 200 000 долари сега се продава по многу пониска цена, скоро за „ништо“.

Вакви Јагуар автомобили има само 121 во целиот свет.

Лимузината Јагуар во која Цеца и Аркан се возеле на денот на венчавката  во 1995 година е купен во Америка за 200 000 долари!

Пред неколку месеци Јагуарот- XJ Majestic Vanden Plas е понуден на продажба.

Тогаш почетната цена беше 121 000 евра, но денеска цената на луксузниот Јагуар на Аркан драстично е намалена и сега автомобилот може да се купи за „само“ 28 000 евра.

Фото: Отровна убавина, Сибирски Малдиви

Сибирското езеро е едно од најпопуларните езера на светот за фотографирање.

Но, ова исклучително убаво езеро, всушност е отровно вештачко езеро направено за во него да се исфрла пепелот од блиската електрана која работи на јаглен.

Сибрските Малдиви се само за гледање, иако водата во езерото е исклучително сина и бистра во него е забрането капење.

притисни ентер