Нова верзија на апликацијата „МојВоздух“

Комплетно новата верзија на познатата македонска апликација „МојВоздух“! Од денес, после скоро 5 години постоење, „МојВоздух“ добива комплетно редизајнирана верзија.

Со прекрасен интерфејс кој што се стреми да им помогне на корисниците да подобро го разберат загадувањето, до нашата нова маскота Воздушко кој ја едуцира помладата публика за загадувањето и важноста на чист воздух!

„МојВоздух“ започна како иницијатива во 2014 година, и од тогаш има над 100.000 корисници низ Македонија и Србија. Годинава, МојВоздух ќе се прошири низ Балканот и наскоро се надеваме дека ќе може да ја покренеме свеста на што повеќе граѓани околу штетата од загадувањето на воздухот.

„ МојВоздух“ и понатаму ќе се стреми да воведува повеќе едукативна содржина, како и повеќе можности како граѓаните да ги преземат работите во свои раце и да ја подобрат животната средина.

Новата верзија може да ја преземете на следните линкови:

Android - https://play.google.com/store/apps/details?id=com.gorjan.airquality

iOS - https://apps.apple.com/app/id1190987663

 
притисни ентер