Средба на премиерот Заев со швајцарската амбасадорка Техада и претставникот од НДИ, Хејзлет

Силна поддршка за независен, одговорен и ефикасен Парламент, во интерес на граѓаните и државата, била искажана од Техада и Хајзлет.

Премиерот Зоран Заев, имаше заедничка средба со Сибил Зутер Техада, амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија и со Роберт Скот Хејзлет, лидер на тимот на Програмата за парламентарна поддршка од НДИ.

Премиерот Заев изрази поддршка на проектот „Програма за парламентарна поддршка“, потпишан помеѓу швајцарската влада и Собранието на Република Северна Македонија, што има за цел зајакнување на капацитетите на Парламентот, а чијшто донатор е швајцарската Влада и се имплементира со поддршка од НДИ.

„Силно го поддржуваме овој проект и сите активности коишто се во насока на обезбедување што е можно поголема независност на Парламентот, што подразбира подготовка на закони коишто произлегуваат од самите пратеници, одговорно работење на пратениците, помирување помеѓу пратениците, нивно што е можно поголемо доближување до граѓаните кои им ја даваат довербата. Во овој драгоцен, редок и специфичен период за Република Северна Македонија, од голема важност е улогата на Парламентот и неговите капацитети за независно, одговорно, ефикасно и професионално работење во интерес на граѓаните и на државата“, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари на Владата на Швајцарија и на швајцарската амбасада, како и на НДИ за поддршката на нашата држава во процесите на демократизација.

На средбата беше претставен десетгодишниот проект финансиран од Швајцарија, со којшто ќе се зајакнуваат организациските структури, надзорната и законодавната функција и транспарентноста на Собранието на Република Северна Македонија, а е разговарано и на кој начин премиерот Заев и Владата можат да придонесат во клучната цел, обезбедувањето независност во работата на Парламентот и на пратениците, се наведува во владиното соопштение.

Универзитетот Колумбија го одложи рокот што им го даде на демонстрантите против војната во Газа

Американскиот универзитет Колумбија го одложи рокот, кој истекува на полноќ, што им го даде на пропалестинските студенти да го расчистат кампусот, каде што протестираат против војната во Газа.

- Преговорите напредуваа и продолжуваат според планираното, соопшти кабинетот на претседателот на Универзитетот во Њујорк Минуш Шафик, негирајќи дека била побарана полициска интервенција.

- Не нарекуваат терористи, нè нарекуваат насилници. Но единствената алатка што ја имаме е нашиот глас, рече еден од студентите на собирот.

Пропалестинските студентски демонстрации во САД, кои се проширија на неколку универзитети, почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од најпрестижните универзитети во светот, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

притисни ентер