Се надевавме на повеќе, рече Османи, според Димитров ќе бидеме задоволни кога на есен ќе ја добиеме одлуката

 Ги добивме заклучоците од Советот за општи работи од Луксембург вчера во кои ја вреднуваат и ја признаваат нашата реформска агенда.

Но и нашата нова надворешна политика што не трга поглед од проблемите, туку ги решава. Ќе бидеме задоволни кога ќе ја добиеме и одлуката на есен и кога ќе бидеме во организација на првата меѓу владина конференција што сакаме да се одржи во декември оваа година.

Ова го нагласи министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска на втората пленарна сесија на Националната конвенција за ЕУ во Македонија. Посочи дека голем дел од аналитичарите и новинарите кои го пратат овој процес и вон нашата земја, како што рече, велат дека и сега не е многу соодветно да не се поддржи Македонија.

– Убеден сум дека на есен ова ќе биде уште потешко. Пред нас имаме два и пол месеци и треба да се фокусираме на една задача што не ја завршивме докрај, а тоа е иднината на СЈО преку донесување на двотретинскиот закон за јавно обивнителство. Тоа ќе ни помогне да нема никакво оправдување за ниту една земја членка во септември-октомври годинава, рече министерот Димитров.

Според министерот за надворешни работи на Република Словачка Мирослав Лајчак има уште многу на патот, но Македонија, истакна, постигна многу.

– Јас сум оптимист за позитивниот развој и отвореноста на пристпаните преговори во октомври, рече меѓу другото министерот Лајчак. Тој подвлече дека Словачка ќе продлжи да ја поддржува нашата земја на патот кон ЕУ бидејќи и покрај предизвиците ЕУ, оцени, е најдобрата алтернатива за оваа земја и за овој регион. ЕУ, според Лајчак, нема да биде целосна без Западен Балкан.

Се надевавме за повеќе, рече вицепремиерот Бујар Османи посочувајќи дека и добиените заклучоци се позитивни. Важно е, подвлече, дека ЕУ силно се поврзува со октомври годинава, а тоа е подршка за нас да продолжиме на овој пат.

– Нема простор за емоции, мора да останеме разумни и свесни, нема време за фрустрации. Мора да ја задржиме енергијата за напорната работа и реформите што не очекуваат. Нема потреба за политичка борба за стратешките заеднички цели. Време е да работиме заедно, иднината не може да се подели на наша и ваша, им припаѓа на сите, истакна вицепремиерот Османи.

Македонија е добар пример во Западен Балкан, постигна одлични резултати, нагласи во обраќањето Османи додавајќи дека ништо не е дадено бадијала.

– Секој збор, секоја запирка и точка во извештајот е заслужен и е резултат на напорна работа и посветеност во изминатите години. Сме ги постигнале сите наши ветувања. Имаше многу емотивни и тешки одлуки. Не беше лесно, ниту пак сите беа еднакво задоволни. Но, ние сме единствена земја во регионот која нема отворени прашања со соседите, рече вицепремиерот Бујар Османи и додаде дека ЕУ е обединувачки фактор во целата земја.

Финансиска полиција со кривична пријава против три физички и едно правно лице

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднела кривична пријава против три физички и едно правно лице.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Штип поднела кривична пријава против три физички и едно правно лице, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела „измама” по чл. 247 и „фалсификување исправа” по чл. 378 од Кривичниот Законик, за сторена штета во вкупен износ од 214.411.861 денари.

Како што се наведува во соопштението од Финансиска полиција, првопријавеното физичко лице во својство на вработено и третопријавеното физичко лице во својство на сопственик и управител на четвртопријавеното правно лице, заедно со второпријавеното физичко лице вработено кај оштетеното правно лице, со намера да се стекнат со противправна имотна корист со лажно прикажување на факти, го довеле во заблуда оштетеното правно лице, неосновано да исплати значителен износ на парични средства по основ на откуп на стари акумулатори.

- Првопријавеното и третопријавеното лице во свое име и за сметка на пријавеното правно лице изготвувале и употребувале лажни формулари за отпад на стари акумулатори, кои второпријавеното физичко лице како вработено во оштетеното правно лице ги потпишувало и ги одобрувало лажните испратници и откупните белешки, иако истото знаело дека робата не била испорачана и примена, со што овозможило оштетеното правно лице неосновано да исплати вкупен износ од 214.411.861 денари, се појаснува во соопштението од Управата за финансиска полиција.

Градоначалникот на Киев ја повика владата да вложи повеќе напори во борбата против корупцијата

 Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко ја обвини украинската влада дека прави премалку во борбата против корупцијата во земјата, јави ДПА.

Кличко даде интервју за германски медиуми од групата Функе, кое беше објавено денеска. Запрашан дали владата е на вистинскиот пат во својата борба против корупцијата, тој одговори: „Можете да го поставите тоа прашање на секој граѓанин и сигурен сум дека тој ќе одговори со не“. Кличко изјави дека и тој е „на истото мислење“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски постојано најавуваше дека води тешка битка против корупцијата и злоупотребата на средства во државниот апарат. Пред само неколку дена министерот за земјоделство поднесе оставка поради обвинувања за корупција.

Во врска со односите со Зеленски, Кличко изрази жалење за недостигот на кохезија меѓу водечките политичари во Украина. „За жал, во овој период на војна, нема единство меѓу политичките сили“, рече Кличко. Тој истакна дека од почетокот на војната, постојано се обидувал да се сретне со Зеленски.

„Но, за жал, немав можност лично да се сретнам со Зеленски“, рече Кличко.

Градоначалникот на Киев укажа на штетата предизвикана од руските беспилотни летала и повика на поголема меѓународна поддршка за воздушната одбрана на Украина

По две години војна, штетите во Киев се огромни. Повеќе од 800 згради беа оштетени и уништени од воздушните напади. Повеќе од 200 луѓе загинаа, меѓу кои седум деца. /МИА

Десетици торнада поминаа низ централниот дел на САД, најмалку петмина загинати

Најмалку пет луѓе загинаа, вклучувајќи четиримесечно бебе, откако десетици торнада помина низ централниот дел на САД, предизвикувајќи сериозни штети. Д

есетици илјади луѓе останаа без струја откако бурите почнаа во петокот. Досега е потврдено дека четири лица загинаа во сојузната држава Оклахома, а едно во Ајова. Националната метеоролошка служба објави дека некои торнада имале налети од 218 километри на час. Особено тешко е погоден градот Сулфур во Оклахома, каде што цели домови се срамнети со земја. Во оваа сојузна држава има и повеќе од 100 повредени. Ова уследи откако повеќе од 70 торнада ги погодија небраска и Ајова во петокот. Најголем дел од нив биле околу градот Омаха.

притисни ентер