Која ќе биде првата жена на Месечината ?

Од илјадниците пријавени на повикот на НАСА , само една жена ќе може да се качи на Месечината.

Дванаесет жени се во најтесниот избор и една од нив прва ќе стапне на Месечината до 2024 , до кога САД се обврзаа да испратат екипаж на нашиот сателит , додека НАСА се обврза дека меѓу нив ќе има и една жена. Имаат меѓу 40 и 54 години и се со различни занимања , а се избрани од НАСА меѓу илјадниците кандидатки од целиот свет.  

На почетокот на мисиите на НАСА на Месечината беа регрутирани исклучиво мажи. До сега 12 се прошетале по површината меѓу 1969 и 1972 . Првата жена во вселената во САД беше Сали Рајд во 1983 година. Меѓу избраните 12 жени , четири се издвојуваат според младиста и искуството. Имаат од 40 до 41 година и се со претходно искуство.

Ан МекЛеин до крајот на јуни ќе биде на Меѓунариодната вселенска станица и е воен пилот на хеликоптер. Во тесниот избор се и инженерката Кристина Кох, биологот Џесика Меир и поранешниот пробен пилот на воени ловци Никола Ман, која учествувала и во војните во Ирак и Авганистан.

Во рамкитена мисијата Аполо меѓу 1969 и 1972 , НАСА испрати шест мисии со човечки екипаж на Месечината , а сега најавуваат дека ќе бидат први во 21. век , што ќе ги вратат луѓето на земјиниот сателит.

притисни ентер