Почна теренскиот пробен попис во 13 општини

Почна пробниот попис во 13 општини. Утрово од 9 часот една од екипите на државниот завод за статистики ја затекнавме во општина Кисела Вода во семејната куќа на Алексовски каде го започнаа пробниот попис.

Опремени со лаптоп на кој имаат специјална апликација со утврдените прашање екипата за попис со овој пробен попис кој ќе трае до крајот на месецот врши своевидно тестирање за главниот пописен кој треба да се изврши во април следната година.

Домаќинот во населеното место Припор во општина Кисела Вода кај кого се вршеше пописот ги отвори вратите и за екипата на Канал 5 да го проследи процесот .

Попишувањето се врши електронски преку посебна апликација во која ги има прашањата кои се поделени во три групи - за условите за живеење, за типот на домаќинството и станбениот простор и околу 50 прашања за демографските, социјалните економските и етно-културолошките белези.

Пробниот попис почна без да биде донесен законот за попис а во него е предвидено граѓаните сами да ја кажуваат етничката определба

Иселениците кои имаат пасош и матичен број ќе можат или да се само попишат преку интернет страната на статистика или на терен некој роднина или сосед да ги каже матичните броеви кои ќе се споредуваат со административната база..

Последен пат попис на населението е извршен во 2002 година а оној во 2011 беше прекинат. Во април 2020 година по 18 години ќе се врши попис кој ќе биде 9 ти по ред во земјава.

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

притисни ентер