Арсовски: Заев и СДСМ немаат намера да метат ниту во партијата, ниту во Владата

Зоран Заев си обезбеди партиска поддршка за криминалот, корупцијата и ограбувањето на целата држава, рече портпаролот на ВМРО – ДПМНЕ , Димче Арсовски .

Зоран Заев нетранспарентно и на крајно недемократски начин си постави послушници кои ќе треба да му помогнат да ја задржи својата позиција откако ќе биде поразен на претстојните парламентарни избори кои што се неизбежни.

Зоран Заев и СДСМ немаат никаква намера да метат ниту во партијата ниту пак во Владата.

Како и што претходно рековме на нашите прес конференции и излагања, разрешувањето на партиските органи во СДСМ и разрешувањето на Претседателите на општинските организации е само еден обичен театар за да се изманипулираат граѓаните и јавноста и да мислат дека можеби и нешто се менува во партијата и во владата.

Фактот и реалната состојба во СДСМ се други.

Новоназначените 30 претседатели на општински организации во СДСМ се само дел од театарот на Зоран Заев и на партијата.

Од 30-те новоназначени претседатели вчера, дури половина беа истите стари кои беа разрешени. 15 функционери во СДСМ што ги назначи вчера Зоран Заев лично на своја волја се истите тие што беа и претходно претседатели и што претходно не мрднаа со прст за да сработат за граѓаните на било каков начин во нивните можности.

Ова покажува дека Зоран Заев нема намера да прави метла ниту во партијата, ниту пак во Владата. Зоран Заев ова го направи свесно за си ја зацврсти својата позиција во партијата после лошиот резултат на последните претседателски избори и на оние претстојни парламентарни кои што следат. Заев ги остави понатака да владеат во партијата само оние кои што му се лојални и блиски, а сите останати кои му беа можна закана ги тргна од функциите.

Демократијата во СДСМ на дело. Во период кога партиските органи во СДСМ се разрешени и во оставка, без никакви консултации со централниот, Заев на своја волја ги избра сам претседателите на општинските организации. И нормално никој ниту да се буни, ниту да се побуни.

Зоран Заев заради ваквите лаги ја носи целата држава во пропаст. Затоа, што побрзо си замине овој човек од СДСМ и од Владата, толку подобро и за државата и за партијата.

Приведено лице од Долни Дисан поради бегство од затворот во Куманово

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Педесет и седумгодишник од неготинското село Долни Дисан, синоќа во 22 часот бил приведен од страна на полициски службеници од Одделението за внатрешни работи од Неготино, поради бегство од казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“, каде издржувал затворска казна.

Како што соопшти денеска полицијата, лицето е спроведено во Казнено - поправната установа „Затвор - Куманово“ за доиздржување на казната.

Мегваер е надвор од терените до крајот на сезоната поради повреда

Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер ќе биде надвор од терените поради повреда, објавија од прес-службата на клубот на социјалните мрежи.

Играчот ќе пропушти околу три недели, па повеќе нема да се појавува на теренот на преостанатите натпревари.

Оваа сезона фудбалерот одигра 22 натпревари за Манчестер јунајтед во англиското првенство, на кои постигна два гола и оствари две асистенции.

Вечер од 21 часот Манчестер јунајтед ќе се сретне со Кристал Палас на гостински терен.

Роналдо ја игра својата најпродуктивна сезона на клупско ниво од 2016 година

 Напаѓачот на Саудиска Арабија на Ал Наср, Кристијано Роналдо ја бележи својата најефикасна сезона во последните осум години.

Португалецот сега има 45 гола по натпреварот од 30. коло на фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија. Тој во саботата постигна хет-трик против Ал-Вахда (6:0).

Триесет и деветгодишниот Роналдо Имаше повеќе голови во сезоната 2015/16. Тогаш Португалецот, кој настапуваше за Реал Мадрид, постигна 51 гол.

Кристијано потпиша договор со Ал-Наср во јануари 2023 година. Порталот Трансфермаркт ја проценува пазарната вредност на играчот на 15 милиони евра.

По победата над Ал-Вахда, избраниците на Роналдо се на второто место во поредокот во првенството на Саудиска Арабија. До крајот на шампионатот Ал-Наср треба да одигра уште четири натпревари.

притисни ентер