„Само Вистина“ со Сотир Костов и Љупчо Зиков

Во вечерашната „Само Вистина“ дебатираа Сотир Костов и Љупчо Зиков.

- Очекувам датум за преговори во септември или октомври, тоа како решение да се спакува на јулскиот самит, и во таа смисла тоа очекувам да биде резултатот од средбата со Меркел, истакна Зиков. - Не е фатализам, дадовме огромна жртва со смената на името, а не го добивме ветеното, тоа е лицемериие, истакна Костов

- Еден од слабите перформанси на оваа Влада е што не ги спровењде судските реформи, досега 20 до 25 луѓе требаше да завршат во Шутка или Идризово, рече Зиков. - Не знам кога да верувам за реформите, премиерот пред една недела рече завршени се, синоќа призна дека не се, истакна Костов

- Има раст на економијата, но потребен е извесен период да се почуствуваат резултатите, вели Зиков. - За инвестициите една бројка кажува Народна банка, една вицепремиерот, една опозицијатам кому да верувам, праша Костов 

Повеќе детали погледнете во најновото издание на „Само Вистина".

Бојан Јовановски денеска повторно на распит за „Рекет"

Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит денеска треба повторно да биде спроведен првоосомничениот за случајот „Рекет" Бојан Јовановски – Боки 13, кој се наоѓа во притвор во КПУ Затвор Скопје.

Ова е втор исказ на Јовановски за случајот „Рекет". Бојан Јовановски – Боки 13 на 15 јули годинава беше приведен на распит во Обвинителството заедно со второосмоничениот Зоран Милевски.

По неколкучасовниот распит Јовановски беше изведен пред Суд, каде на барање на Јавното обвинителството му беше одредена мерка притвор.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева, која исто така, се наоѓа во притвор како третоосомничена исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет" што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се  Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. /МИА

Претседателот Пендаровски во посета на Велес

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ќе престојува во посета на Општина Велес.

Посетата на Пендаровски, како што соопштуваат од неговиот кабинет, е во рамки на проектот „Лице в лице".

Пендаровски заедно со градоначалникот на Велес Аце Коцевски ќе засади садници на опожарените места крај езерото Младост, а потоа ќе ги посети ООУ „Св. Кирил и Методиј" и Територијалната противпожарна единица во овој град./МИА

На првиот есенски ден променливо време и локален дожд

Од денеска почнува есента на северната хемисфера, а истовреме на јужната хемисфера почнува пролетта.

На првиот ден од есента, Сонцето во Скопје ќе изгрее во 06:20 часот, а ќе зајде во 18:32 часот. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути.

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот се очекуваат повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи. Врнежи ќе има и во вторник кога на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер./МИА

притисни ентер