Идентитетот на Гоце Делчев ги отежна односите на релација Скопје-Софија

Вицепремиерот на бугарската влада Каракачанов рече дека ако сакаме влез во Европската Унија, немаме друг избор освен да ја прифатиме, според него, вистинската историја. 

Иако од Бугарија пристигнаа заканувачки пораки дека ако не се прогласи Гоце Делчев за Бугарин ќе го попречат евроинтегративниот пат на Македонија, нашата Влада се надева на пријателско решение преку заедничката комисија во духот на договорот за соработка и добрососедство. 

Вицепремиерот на бугарската влада Каракачанов рече дека ако сакаме влез во Европската Унија, немаме друг избор освен да ја прифатиме, според него, вистинската историја. За него, со историјата за Гоце Делчев  се минира процесот на подобрување на односите помеѓу двете земји.

Во меѓувреме, бугарските медиуми прават анализи за историјата на Гоце Делчев, во кој тврдат дека е бугарин.

-Гoце Dелчев е идол не помал од Левски, никогаш тој не кажал дека е Македонец. Најпознатата девиза која го карактеризира овој мој предок е “Jас го разбирам светот како поле за културен наптпревар меѓу народите”.

Прашањето од каде потекнува Гоце Делчев се отвори по состанокот на македонско-бугарската комисија, кога соседите рекоа дека не прифаќаат заедничко чествување на револуционерот на 7ми октомври.

Според шефицата на бугарската дипломатија Захариева пак овој предлог е неприфатлив бидејќи на овој датум се извршило предавство кон Бугарија преку предавањето на коските на Гоце Делчев.

Во петок и за време на викендот сончево и топло

Претпладнево ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време.

 Локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силен ветер и појава на град.  Максималните температури во земјава ќе се движат од 26 до 33 степени.

Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, со услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од недела попладне и во следните денови повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе опадне за неколку степени.

Прва посета на Северна Кореја од кинески лидер во изминатите 14 години

Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во историска дводневна посета на Северна Кореја, прва посета на кинески лидер во изминатите 14 години.

Во Пјонгјанг, Си ќе има средба со лидерот Ким Џонг Ун во обид да се засилат билатералните односи.

Кинески медиуми јавија дека е можно за време на дводневната посета си да разговара со Ким за обнова на преговорите за корејската нуклеарна програма со Вашингтон. Можно е и објавување нови мерки за поддршка на економијата на Северна Кореја.

Моментот на посетата е особено деликатен – и двете држави водат спор со САД.

Кина заради трговијата, а Северна Кореја поради нуклеарната и ракетна програма.

Во следната недела се очекува Си да има средба со американскиот претседател Доналд Трамп за време на Г-20 во Јапонија.

Резултати од анкетата за цените и квалитетот на интернет услугите

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

 Задоволството на граѓаните од цените и квалитетот на услугите во мобилната телефонија и интернетот, ќе бидат презентирани денеска на информативна средба со медиумите што ја организираат Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентарот, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права.

На средбата ќе бидат презентирани и наодите од анкетното истражување за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), спроведено во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II".

Истражувањето е спроведено на репрезентативен примерок од 1.202 испитаници во земјава, од 16 февруари до 7 март 2019 година.

Во рамки на информативната средба ќе бидат презентирани и две дигитални видеа со кои организаторите, како што најавуваат, ќе се обидат да дадат одговор на прашањата: Какво е задоволството од квалитетот и цените на услугите во мобилната телефонија и интернетот?;

Каква е информираност на граѓаните за работата АВМУ и АЕК?, Каква е перцепција на граѓаните за транспарентноста, професионалноста и независноста на двете регулаторни тела? и Како според граѓаните се назначуваат лицата на раководните позиции во АВМУ и АЕК?

притисни ентер