Четка за тоалет ги зовре односите меѓу Турција и Исланд

Министерот за надворешни работи Чавушоглу , а по него и турскиот претседател Ердоган упатија остри пораки по ,,понижувачкиот однос “ кон нивните фудбалски репрезентативци , кои вечерва играат во Исланд.

Вистинска драма се случуваше на аеродромот во Рејкјавик , која ги вжешти односите меѓу Турција и Исланд. Турсдките репрезентативци биле детално , цели три часа прегледувани на аеродромот во Рејкјавик , иако тоа обично е кратка рутина. Сепак , по шестчасовниот лет од Истанбул , турските репрезентативци биле претресувани до последното парче багаж , им биле отворани торбите и детално пребарувани .

На ова се пожалија репрезентативците , а Бурак Јилмаз , напаѓачот на Бешикташ објави и на социјалните мрежи дека му го зеле кремот за раце по долгиот преглед. Кога по три часа мислеле дека може конечно да се одморат , наишло целосното разочарување.

Новинарските екипи наместо со микрофон , ги пречекале со четка за тоалет. И тоа четката му ја ставиле пред лице на капитенот на репрезентацијата Емре Белозоглу.

На овој гест министерот за надворешни Чавушоглу побарал од својот исландски колега веднаш да им се извини Исланд на репрезентативците. Се јави и претседателот Ердоган. 

,, Недостигот на почит кон нашата репрезентација на Исланд е неприфатлив”, напиша Реџеп Таип Ердоган. Министерот за спорт Касапоглу по тоа веднаш одлета во Рејкјавик за да изрази незадоволство за третманот на фудбалерите . Но Турците не останаа само на жалби.

Турските хакери од познатата група Анка Неферлел направија хакерски напад на страницата на Исавиа , исландскиот авиопревозник и концесионерот на аеродромот , каде што се одигра драмата.

притисни ентер