Есад Рахиќ -нов директор на затворот Шутка, Виктор Димовски за Директор на агенцијата за национална безбедност

Директорски позиции за Виктор Димовски и на поранешниот пратеник Есад Рахиќ.

Oдлуките за двајцата попладнево поминаа на седница на влада, и се предвидува поранешниот разузнавач и досегашен државен секретар во МНР Димовски да седне на челната позиција во новоформираната агенција за национална безбедност. Есад Рахиќ пак е новиот директор на истражниот затвор во Шутка.

Рахиќ доаѓа на местото на досегашниот директор Ѓоко Котевски кој си поднесе оставка во февруари заради инцидентот со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во дворот на затворот. Тој беше пратеник на СДСМ од 2002 до 20006 година кога беше исклучен од партијата. Новиот директор на Агенцијата за национална безбедност пак Виктор Димовски Зад себе има две децениска кариера како дипломат, а покрај позицијата државен секретар во МНР, во минатото бил амбасадор во Србија и Црна Гора, и Израел.

САД соборија пет беспилотни летала над Црвеното Море

Американската војска рано утринава собори пет беспилотни летала над Црвеното Море, објави американската Централна команда на социјалната мрежа Икс.

Овие дронови, велат тие, претставуваат непосредна закана за американските, коалициските и трговските бродови во регионот.

„Овие активности се преземени за да се заштити слободата на пловидба и да се направат меѓународните води побезбедни“, се додава.

Од ноември минатата година, Хутите напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со проектили и беспилотни летала во, како што велат, поддршката за палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Малиџано

Во петок (26.04.2024) во емисијата гостин ни беше Вики Среброва

Состојки за денешниот рецепт:

2 модри патлиџани

2 - 3 лажици мајонез

100 гр. ореви

10 маслинки

1 главица лук

1 лажица сенф

малку сол и зачини по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Анализите на Секторот за санитарна контрола, направени на 149 примероци од 41 мерни места во градот, во период од 22 до 26 април, покажаа дека водата во Скопје е безбедна за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација.

Секторот за санитарна контрола земал 149 примероци за физичко-хемиска и 149 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во град Скопје и согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

притисни ентер