Во интервју за БТВ Захариева е децидна дека за Софија е неприфатлив предлогот од македонска страна тоа да биде седми октомври, датумот кога моштите на Делчев се пренесени од Софија во Скопје, што всушност и потврдува дека тешко се усогласуваат историските прашања меѓу двете земји
-Повеќето Бугари не ни слушнале за 7 октомври, тоа е датумот на едно од најголемите предавства во бугарската историја, извршени од БКП, кога по 1944, под притисок на Сталин и Тито ги признаа Македонците како Бугари, и во конкретната 1946 на 7 октомври тоа и се случи, нема зошто и не може да го чествуваме тој датум, изјави Захариева.
-Захариева се надева дека до крајот на годината експертската комисија да ја заврши својата работа, бидејќи веќе е постигнат договор за Цар Самоил, Кирил и Методиј, но дека сепак за софија останува клучен договорот за Гоце Делчев и Илинденското востание.
-Јас и на пленарните разговори со комисијата кажав дека ние не сакаме ништо повеќе од вистината.Не може да се прават компромиси со вистината. И самиот Гоце Делчев десетици пати кажал што е –бугарин.Го напишал тоа десетици пати!.Да потсетам дека македонскиот премиер Зоран Заев беше тука на 4 девруари, кога заедно со Бојко Борисов го одбележаа споменот на Гоце Делчев, вели Захариева.
Првите луѓе на заедничката експертска комисија во петокот во Скопје потврдија дека потешко оди договорот околу Гоце Делчев но дека тоа прашање се очекува да се разјасни веќе во септември. Изјавата на Захариева пак доаѓа непосредно по оваа но и по вчерашната прва средба на зедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија за надзор над спроведувањето на договорот за добрососедство а со која претседаваа Захариева и Димитров..
"Не сум историчар, но сум убеден дека токму Гоце Делчев и неговото дело, може да биде мостот за растењето на пријателството меѓу нас", изјави Димитров вчера во Софија.