Државниот секретар и поранешен раководител во МИОА осомничени за поткуп

 Државниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахија и поранешен раководител на одделение во истото Министерство со иницијали Ј.Г. (52) се сомничат за примање покуп.

При избор на компанија за спроведување на проект финансиран од ИПА фондовите.

Тие како службени лица, во периодот од јуни 2014 до август 2015 година од италијанско правно лице преку посредници – италијански државјанин, советник во правното лице, и англиски државјанин – деловен партнер на англиско правно лице со подружница во Скопје, примилe подарок – патување во странство во три наврати, со вкупна вредност од 7.000 евра за да му овозможат на правното лице кое аплицирало на тендерот да има пристап до доверливите тендерски информации. Со тоа, тие му овозможиле повластена положба и предност во однос на останатите апликанти и како резултат на тоа, правното лице било избрано да го спроведува ИПА проектот за што бил склучен договор во вредност од 1.096.900 евра.

Во текот на 2016 година, во периодот кога во Министерство за информатичко општество и администрација веќе отпочнало спроведувањето на ИПА проектот, како награда, првоосомничениот во два наврати примил во готовина парични средства во вкупен износ од 37.930 евра, односно 2.332.695,00 денари, а второосомниченото лице примило подарок во вкупен износ од 2.500 евра, односно 153.750,00 денари.

Од страна на надлежен јавен обвинител е доставен предлог за определување мерка притвор против првоосомничениот, кој во 2005 година бил гонет и за кривично дело „злоупотреба на избирачкото право" по член 161 и во истиот предмет осуден со парична казна за повреда на избирачкото право од член 159 од Кривичниот законик. Второосомниченото лице во моментот не се наоѓа на територијата на нашата држава.

Акцијата е спроведена во координација со италијанското обвинителство од Милано и со поддршка на „ЕУРОПРАВДА". Спроведени се симултани претреси во Република Северна Македонија и во Република Италија и тоа пет претреси во Скопје и Куманово од кои во две правни лица и едно министерство, како и во осум правни лица во Италија. Во акцијата на нашето Министерство привремено одзедени се повеќе од десет компјутери (десктоп и лап-топ компјутери), УСБ и микро СД мемориски картички, мобилни телефони, таблети, два пиштола, парични средства и обемна службена документација.

Истрагата е спроведена во изминатите два месеци во соработка на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и Министерството за внатрешни работи со меѓународните организации ОЛАФ и ЕВРОПРАВДА, како и со повеќе држави – Италија, Холандија, Романија и други европски земји. Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано доставила замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

– По наредба на надлежен јавен обвинител, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал спроведе истражни дејствија и обезбедување докази во врска со нерегуларности, измами и корупција во неколку проекти спроведени во различни институции во нашата држава, финансирани од Европската Унија. Извршени се проверки и потврдување на сомненијата за корупција при доделување на ИПА Фондови во износ од 1.2 милиони евра, во период 2014-2016 година, каде инволвирани биле двајца македонски државјани, а дејствијата биле извршени во Италија, Холандија, Обединето Кралство, Романија и во други европски земји.Во рамките на истрагата во ЕВРОПРАВДА во Хаг беше одржан и координативен работен состанок заради размена на првични информации и донесување заклучоци за спроведување заеднички координирани активности за обезбедување докази во Република Италија и Република Северна Македонија, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за организран криминал и корупација.

Ковачевски: Гласањето на 8 мај почнува од нула-ве повикувам заедно да изградиме европска иднина

„Гласањето на 8 мај почнува од нула, затоа, апелирам и повикувам, убаво размислете кому ќе ја дадете својата поддршка“, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од денешниот митинг во Кичево.  

„Вашиот глас е моќно демократско оружје! Затоа убаво размислете во чии раце ќе ја дадете власта. Дали на СДСМ за државата цврсто да продолжи да гази по патот кон ЕУ или на Мицкоски и неговата екипа од Белата палата, која ќе не врати во минатото на изолации и блокади“, истакна Ковачевски.

Првиот човек на СДСМ и носител во ИЕ 1 рече дека Мицкоски и Силјановска немаат никаква намера да ја водат државата кон ЕУ, туку напротив, ќе ја изолираат, затворат и скараат Македонија со соседите и со меѓународната заедница. Ковачевски пред граѓаните на Кичево, истакна дека СДСМ и Коалицијата се единствената искрена проевропска политичка опција на овие избори.

„Вие со вашите искрени критики и барања за иднината нѝ помогнавте да ја креираме нашата изборна програма. Таа програма е реална, остварлива и содржи автентични социјалдемократски политики и мерки. Ветуваме повисоки плати и пензии, многу поволности за нашите млади, уште поголема поддршка на домашните компании за зголемување на инвестициите и зголемување на бројот на работници. Намалување на невработеноста на едноцифрена бројка од 7%. За вистинските земјоделци ќе обезбедиме поддшрка од 1,35 милијарди евра“, рече Ковачевски.

Им порача на Мицкоски, Силјановска и Ахмети дека времето на националистичка реторика и заплашувања со меѓуетнички тензии е одамна завршено.

„Токму Кичево е еден од градовите каде градиме соживот, толеранција и разбирање. Тој предизвик не е секогаш лесен, но ние вложивме огромни напори да ги унапредиме меѓуетничките односи во државата. На 8 мај, да им испратиме јасна и гласна порака на сите ретроградни сили, дека во Македонија живеат прогресивни и умни луѓе кои сонуваат за европска иднина за себе и за своите деца. Да кажеме стоп за враќањето во кошмарното минато на поделби, тензии и конфликти“, истакна Ковачевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 мај и да гласаат за претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и за пратеничките листи на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, се наведува во партиското соопштение.

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов, да ставиме крај на лагите

Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста.

Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово.

Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат.

Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија.

Почитувани граѓани,

На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија , рече Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

И студентите од Ирска и Швајцарија ги зазадоа универзитетите на пропалестински протести (ВИДЕО)

Студенти на колеџот Тринити во Даблин и на швајцарскиот универзитет во Лозана ги окупираа своите универзитети во знак на протест против војната во Газа, приклучувајќи се на бранот протести што се прошири во американските кампуси.

Во Даблин, студентите поставија камп, принудувајќи го универзитетот денеска да го ограничи пристапот до кампусот и да ја затвори изложбата Книга на Келс, една од најдобрите туристички атракции во Ирска. Кампот беше формиран откако студентскиот сојуз соопшти дека универзитетот го казниле со 214.000 евра за загубите предизвикани од протестите во последните месеци, а не исклучиво поради Газа, објавија локалните медиуми.

Демонстрантите бараа Тринити да ги прекине академските врски со Израел и да ги повлече инвестициите од компаниите кои имаат врски со земјата. Претседателот на студентскиот сојуз Ласло Молнарфија објави фотографија од клупи поставени на влезот на зградата во која се наоѓа Книгата на Келс, изложба на илуминирани ракописи од келтски монаси создадени околу 800 година п.н.е.

@mick.barrytd

March to Trinity College in Dublin in support of the student encampment on campus

♬ original sound - Mick Barry TD

Колеџот Тринити соопшти дека изложбата ќе биде затворена денеска. Повеќе од 34.600 Палестинци се убиени во седуммесечните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија здравствените власти на енклавата. Војната започна со упадот на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, во кој загинаа 1.200 луѓе, а 252 беа киднапирани, од кои 133 се уште се држат во заробеништво во Газа, според израелските податоци.

Пропалестински протести се одржуваат и на универзитетите во САД, Австралија и Канада. Во швајцарскиот град Лозана, околу стотина студенти ја окупираа зградата и побараа прекин на научната соработка со Израел.

„Палестинците умираат повеќе од 200 дена, но никој не нѐ слуша. Сега има глобално движење за да ги принуди владите да дејствуваат, но тоа не се случува. Затоа, сега сакаме да ги принудиме универзитетите да се вклучат“, рече еден од демонстрантите за Швајцарската телевизија.

Универзитетот соопшти дека ќе го дозволи протестот до понеделник бидејќи тоа не ја нарушува работата во кампусот. „Ние, универзитетите, не сме повикани да заземаме политички позиции“, рече ректорот на универзитетот Фредерик Херман за радиото РТС.

притисни ентер