Мона Лиза почна да зборува и да мрда со главата на видеото направено со помош на московскиот истражувачки тим на Самсунг , каде се користи т.н. 'deepfake' технологија.
Со помош на оваа технологија може да се направи и лажно видео и приказ од секоја личност , така што научниците се плашат дека може да се злоупотреби ако се користи во погрешни цели освен за забава. Алгоритамот бил тестиран на јавната база на податоци од 7 000 познати лица , преземени од Јутјуб.
Системот ги мапира цртите на лицата и движењата , со цел да ја ,,оживее” фотографијата. Оваа технологија е искористена и да се покажат движењата на Салвадор Дали, Алберт Ајнштајн , Фјодор Достоевски и Мерлин Монро.