Тешко повреден маж од струен удар кај железничката во Трубарево

Машко лице меѓу 20 и 25 години се здобило со тешки телесни повреди од струен удар во близина на железничката станица Трубарево при обид за кражба.

,,При обид за кражба во текот на денешниот ден во 12:58 часот на железничката станица во Трубарево се случил несреќен случај, односно лице на возраст од 20 до 25 години се здобил со тешки телесни повреди, кој со возило на итна помош е пренесен во болница, информираат од Македонски железници – Инфраструктура.

Како што појаснуваат повреденото лице движејќи се по пруга се качило на шинско возило за одржување на контактната мрежа (дрезина) која била оставена на електрифициран колосек и по доближувањето во опасна зона на контактнта мрежа се здобил со струен удар.

При струениот удар, како што наведуваат, лицето се здобило со висок степен изгореници по телото.

Случајот е пријавен во полиција која работи на негово целосно расчистување.

Меркел доби топлотен шок – се тресеше среде церемонија (ВИДЕО)

Германската канцеларка Ангела Меркел неконтролирано се тресеше среде церемонијата во Берлин во чест на новиот украински претседател Володимир Зеленскиј.

По церемонијата , таа изјави дека била дехидрирана , поради силното сонце и високите температури. Меркел , чие тело видливо се тресеше , се обиде да се контролира , ги стисна усните , но безуспешно. Мораше да стои со Зеленски додека се интонираа химните на Германија и на Украина.

По завршетокто на интонирањето , веќе и беше подобро и набрзина го помина црвениот тепих, ја поздрави гардата и оркестарот и влезе во зградата .

На прес конференцијата по средбата со Зеленскиј , 65- годишната канцеларка изјави дека е добро и нема причина за загриженост.

,, Од тој момент се напив најмалку три чаши вода , што очигледно ми била потребна , и сега сум многу подобро.” изјави Меркел и се насмеа кога Зеленски дополни дека канцеларката била во сигурни раце покрај него.

Бизнисмен заврши во затвор за споделување на видеото од масакрот во џамиите на Нов Зеланд

Бизнисмен од Крајстчрч е осуден на 21 месец затвор , зашто го споделувал во живо видеото од масакрот во џамиите на 15 март , кога беа убиени 51 лица. 

Филип Невил Арпс  во Окружниот суд на Крајстчрч на Нов Зеланд се изјасни за виновен по две точки од обвинението за споделување на видеозапис на 15. март преку Фејсбук.

Тој е еден од шестмината обвинети за дистрибуција на видеото од масакрот. Судијата рече дека Арпс не покажал никакво жалење кон жртвите и дека неговите сфаќања за музлиманите може да се споредат со оние на Хитлер.

Арпс го споделувал видеото со своите 30 вработени.

,, Вашиот чин го глорифицира и охрабрува масовното убиство извршено под изговор за расна и верска омраза.” , рече судијата Стивен О’Дрискол.

Адвокатот на Арпс рече дека тој не треба да оди во затвор и поднесе жалба во Врховниот суд. 

Судењето на напаѓачот на двете џамии , Брентон Тарант , треба да почне во мај 2020.

Вонредна состојба во Јапонија по силниот земјотрес и најава за цунами (ВИДЕО)

Попладнево во северниот дел од Јапонија е објавена вонредна состојба со предупредување за цунами , по земјотресот од 6,8 степени по Рихтер.

Се очекува цунами од 10 метри да удри во градот Сендае , во префектурата Мијаги. Епицентарот на земјотресот е во морето на длабочина од 10 километри. Јапонската агенција Кјодо објави дека по земјотресот околу 9 000 домаќинства останале без електрична енергија .

Исклучена е нуклеарната електрана Кашивазаки – Карива , и тоа сите седум реактори , кои се на удар на можното цунами.

 

Премиерот Шинзо Абе одржува состанок за вонредни состојби , од каде ги предупредија жителите на можните афтершокови.

притисни ентер