Анѓушев,Сугарески и Николовски со колегите од Црна Гора: Подобрувањето на инфраструктурата е клучно за трговската размена меѓу двете држави

Вицепремиерот Анѓушев, министрите Сугарески и Николовски на билатерална средба со колегите од Црна Гора заклучиле дека подобрувањето на инфраструктурната поврзаност е клучно за зголемување на трговската размена помеѓу двете држави.

Во рамки на официјалната посета на Црна Гора, предводена од премиерот , Зоран Заев, во склоп на којашто ќе се одржи првата заедничка седница меѓу владите на двете земји, денеска заменик -претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаа билатерална средба со вицепремиерот за економски прашања и министер за земјоделство на Република Црна Гора, Милутин Симовиќ и министерката за економија Драгица Секулиќ.

Билатерална средба имаа и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески со црногорскиот министер за сообраќај и поморство, Осман Нурковиќ.

На средбата помеѓу вицепремиерите Анѓушев и Симовиќ и министерот Николовски, беа споделени информации во делот на мерките коишто двете држави ги преземаат за економскиот развој, но и за политичките случувања. Министерот Симовиќ и честиташе на македонската делегација за изборот на нов Претседател на државата, како и за решавањето на спорот со името, како клучен чекор за иднината на државата во делот на евроинтеграцискиот процес, обезбедувањето стабилност за целиот регион и развој на економијата.

Трговската размена помеѓу двете држави бележи благ пораст, поради што вицепремиерите и министрите се согласија дека двете држави треба заеднички да работат на зголемување на трговијата. Посебен акцент беше ставен на зголемување на извозот на македонски земјоделски производи особено во летниот период кога започнува туристичката сезона во Црна Гора. Утрешниот бизнис форум претставува можност за поврзување и развивање на нови бизнис релации помеѓу македонските и црногорските компании, беше посочено на средбата.

Двете делегации потенцираа дека подобрувањето на инфраструктурната поврзаност помеѓу двете држави е клучна за развојот на двете земји.

Вицепремиерите Анѓушев и Симовиќ, го отворија прашањето за воспоставување на директна авиолинија, со што земјите ќе бидат директно поврзани, што ќе придонесе за зголемување на бројот на туристи во двете држави. Од црногорската делегација беше побарано да разменат искуства со Република Северна Македонија во делот на привлекување на странски инвеститори за отворање на преработувачки капацитети.

Од друга страна, имајќи во предвид дека Црна Гора веќе ги има отпочнато преговорите со Европската унија, и од 35 поглавја 32 им се отворени, искуството на Црна Гора е добредојдено за евроинтеграциски процес на Република Северна Македонија, беше посочено од македонска страна.

Во делот на земјоделството министерот Симовиќ го потенцираше постигнатиот напредок на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РСМ во спроведувањето на ИПАРД програмата, а беше посочена и одличната соработка помеѓу Платежните агенции на двете држави.

На билатералната средба помеѓу министрите Сугарески и Нурковиќ, беа презентирани инвестициите во транспортната инфраструктура и инфраструктурните проекти што ги преземаат двете држави, а коишто се важни за економските развој на Република Северна Македонија и Црна Гора, но и за целиот регион.

Сугарески и Нурковиќ ја потврдија заложбата двете држави да бидат директно поврзани со авиолинија, што ќе придонесе за економскиот развој на државите.

Воедно министрите, го потенцираа значењето на инвестициите во железничкиот транспорт за целиот регион. Се согласија дека овој сообраќај треба да биде еден од приоритетите на двете држави, бидејќи во последниве години овој вид транспорт е во фокусот на интерес и на Европската Унија, се наведува во владиното соопштение.

Совршен трик за сместување на долгите зимски јакни во плакарот (видео)

Нема да се туткаат, а се отвора и повеќе простор 

Долгите зимски јакни честопати создаваат неред во плакарите.

Зимата конечно заврши и деновите стануваат сè потопли. Многумина веќе ги одложија долгите зимски јакни и палта кои повеќе нема да им требаат. Меѓутоа, проблемот е што оваа зимска облека е гломазна, тешка и обично зафаќа многу простор во плакарот.

Сепак, како што сподели една „инфлуенсерка“, постои трик за тоа како да ги наредите гломазните дебели јакни да не прават неред во плакарот, а сепак да се сочуваат на најдобар начин до следната зимска сезона. Во видеото на Инстаграм на страницата nest_in_order, кое се занимава со уредување на домот и едноставни трикови, откриен е метод како да сместите долга јакна во плакарот.

Потребно е само да ја закопчате јакната, да ги прекрстите ракавите на задната страна и да го свиткате долниот дел со горниот дел, односно да го повлечете нагоре, и со помош на патентот да ја закачите за закачалката. На овој начин јакната ќе се „скрати“, но ќе се здипли без да се тутка и да зафаќа дополнителен простор во плакарот.

Многу дами ѝ се заблагодарија на „инфлуенсерката“ за споделениот трик, велејќи ѝ дека им го олеснила животот и дека не треба да се грижат за тоа како да ги наредат нивните јакни.

- Изгледа одлично.

- Јасно и толку едноставно.

- Само ако јакните имаат двоен патент.

– Сега се чувствувам толку глупаво – беа дел од коментарите.

Многумина се согласија дека овој трик им помогнал подобро да го организираат сопствениот плакар, особено ако имаат повеќе вакви јакни. Како што предупредија корисниците на социјалните мрежи, овој трик е совршен за долги јакни со пердуви, но не и за капути кои се направени од штоф. Таквите капути најдобро е да ги оставите да висат, инаку штофот може да се превитка и ќе имате проблем кога ќе го облечете вашиот омилен капут повторно кога ќе дојде време за него.

Чола „тежи“ 25 милиони евра, a носи часовник вреден 2.000 евра

Според познатиот американски сајт „Celebritynetworth“, Здравко Чолиќ е еден од најбогатите пејачи на Балканот. Според податоците од 2021 година, неговото богатство се проценува на 25 милиони евра.

Иако има толку милиони, Чола отсекогаш бил скромен, а сега тоа го докажа уште еднаш - со изборот на својот часовник. Така, пејачот на зглобот носи часовник вреден „само“ 2.000 евра . Како што стои на Инстаграм профилот „Sat na ruci“, се работи за часовник од брендот „TAG Heuer Carrera“ со челично куќиште и функција хронограф.

Здравко отсекогаш нагласувал дека финансиите отсекогаш му биле слаба страна, иако по професија е економист.

- Човекот не може да го смени темпераментот, не мислам на начинот на трошење и начинот на живеење, но тоа ми беше малку претерано и така е и денес - изјави тогаш Здравко.

Тој откри на што најмногу ги трошел хонорарите.

- Никогаш не сме имале толку високи хонорари. Патувањето и гардеробата беа фетиш во седумдесеттите и осумдесеттите. Никогаш немав големи материјални желби. Моето беше да одам некаде, на море или да направам некоја забава и да потрошам таму, но никогаш немав желба да купам часовник. Не страдав од тоа – скромно вели пејчачот.

Извор: Аваз

Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер

Внесувањето шеќер во големи количини е штетно за човековото тело и тоа ја зголемува опасноста од дијабетес и многу други болести. 

Дополнителен проблем е што шеќерот се наоѓа и во намирници коишто не се благи, па затоа е важно да се внимава на составот на секојдневните хранливи производи. Нутриционистката Брук Алперт и лекарката Ребека Казин предупредуваат на најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер коишто ги испраќа самото тело.

Постојано копнеење за слатки

Шеќерот предизвикува зависност. Ова е затоа што сензорите за вкус се адаптирале на благото и на тој човек му треба сѐ повеќе благо, за да го добиете истиот вкус, но и истото задоволство како и првиот пат, слично како дрога. Поради сѐ тоа, докторите советуваат навремена контрола на внесувањето шеќер.

- Со тоа што јадете многу шеќер, предизвикувате хормонален одговор во Вашето тело што е како бран. Ве крева, а потоа Ве треснува од земја, и тоа го поттикнува Вашето тело да бара повеќе шеќер, појаснува Алперт.

Промени во расположението

Премногу внесен шеќер може да значи моментна „еуфорија“. И обратно... Падот на шеќерот во крвта може да предизвика пад и во расположението и поголема нервоза и вознемиреност.

Тромавост

Откако шеќерот ќе го предизвика почетниот скок на енергијата, тој предизвикува и пад. Енергијата е најстабилна кога шеќерот во крвта е стабилен, така што кога се консумира премногу шеќер, има и падови во енергијата. Премногу шеќер честопати значи и недоволен внос на протеини и влакна.

Пукање на кожата

Д-р Ребека Казин смета дека некои луѓе се чувствителни на напливи на инсулин поради прекумерно внесување на шеќер. Тоа може да предизвика нарушување на хормоните, што води, на пр., до сува кожа, ранички, акни и сл.

Дебелеење

Вишокот шеќер значи - вишок калории, а во недостиг на протеини или влакна, шеќерот нема никаква хранлива вредност. Сѐ тоа, заедно со ослободувањето инсулин, ја покачува телесната тежина, но и ја зголемува опасноста од појава на дијабетес.

Кога се јаде премногу шеќер, на телото „му се кажува“ да лачи повеќе инсулин, а подоцна, тоа прекумерно лачење може да доведе до отпорност кон инсулин. Отпорноста пак, значи дека телото нема да може правилно да реагира на нормални количини инсулин и правилно да го користи шеќерот.

Премногу кариес

Кога бактериите ги разјадуваат честичките храна меѓу забите, се создава киселина што постепено предизвикува расипување на забите. Плунката сама по себе одржува здрава рамнотежа на бактерии, но шеќерот може да влијае на пе-ха вредноста и да го наруши тој природен сооднос. Неправилното размножување на бактериите, всушност, води кон расипување на забите и кариес.

Мозочна магла

Деконцентрацијата што обично се јавува после оброк е симптом на низок шеќер во крвта. Кога се јаде многу благо, пак, нивото шеќер во крвта се зголемува и опаѓа, наименично и брзо. Тоа, според стручњаците, ја зголемува расеаноста, и укажува на задолжителна контрола на внесот на шеќер.

Ништо не е така слатко како порано

Премногу шеќер предизвикува сензорите за вкус да се навикнат на слатките вкусови, па затоа човекот бара сѐ повеќе шеќер за да ја задоволи својата глад за слатко. Меѓутоа, тука се препорачува свесно намалување на благото и самоконтрола. На тој начин, по извесно време, телото повторно ќе се навикне и ќе се задоволува со малку шеќер. /МИА

притисни ентер