Вечерва во „Само вистина“ гостин ќе биде Здравко Чолиќ

Каква била живеачката во времето на Тито а каква е сега? Колку кризата на Балканот по распадот на Југославија ги измести вредносните системи во нашето општество?

Почитувани гледачи, на овој сосема обичен ден ви носиме едно необично интервју во САМО ВИСТИНА, за животот, музиката, политиката и љубовта – отворено и интимно со миленикот на публиката од целиот Балкан, единствената и неповторливата музичка ѕвезда Здравко Чолиќ.

Каква била живеачката во времето на Тито а каква е сега? Колку кризата на Балканот по распадот на Југославија ги измести вредносните системи во нашето општество?

Колку лесно или воопшто се поврзува со политичките елити?

Сараевчанец, несуден фудбалер,како одлучил страста кон спортот да ја замени со музиката?

Добриот глас за македонската публика надалеку се слуша, што ја прави толку посебна за да се „остави срцето“ за неа?

По кој знае кој пат со нов концерт во Скопје, но со прво гостување во земјава со новото уставно име но и со променетото име на градскиот стадион – прави ли некаква разлика придавката „Северна“?

Ако музиката ја лекува душата, може ли да ги сруши и бариерите на поделеност и омраза? Не ја пропуштајте и денешната САМО ВИСТИНА, ексклузивно интервју со Здравко Чолиќ, само на Канал 5 Телевизија.

Поплава на токсикологија, пукнала цевка од парно на третиот кат

Поплава на Клиниката за токсикологија. Од пукната цевка од радијатор час и половина течело вода. 

Дефектот се случил од една во лекарските соби на вториот кат на клиниката. Дежурен доктор повикал помош од вработен од клиниката кој ја успеал да го среди дефектот. Поплавата стигнала и до вториот кат, во сите лекарски соби каде има ламинат, водата поплавила и болнички соби од првиот кат, водата стигнала и до подрумските соби, раскажуваат извори од клиниката за Канал 5. Од министерството за здравство велат дека контактирале со клиниката и им било кажано дека дефектот е поправен.

Извори од клиниката за Канал 5 велат дека ова не е прав ваков дефект и затоа на прес конференција вработени до клиниката бараа да се регагира до економската директорка Бесија Иљази која освен што не ставила потпис за вработување на потребните биолози на клиниката таа не ставила потпис ниту за одлуката каде се барало да се осигура клиниката.

Штета од поплавата има и треба да допрва се калкулира колку ќе ја чини клиниката синоќешната поплава.

По најавата од министерот Илир Демири дека ќе го разреши медицинскиот директор Данил Петровски засега нема таква одлука зошто станува збор за изборен период и нема разрешување. Според министерот, Петровски не сакал да потпише продолжување на работните договори за 18 хонораци.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возилата за 15 отсто

Дали граѓаните сепак ќе се спасат од поскапување од 15 отсто на осигурувањето за регистрација на возилата?

Ова прашање се отвори откако Националното биро за осигурување првично донесе ваква одлука, но ја оспори Агенцијата за супервизија на осигурување, која ја смета за неоправдана. По нивно барање, денеска итно се состанала Комисијата за осигурување во Министерството за финансии која го има последниот збор.

Од финансии соопштија дека веќе побарале објаснување од Националното биро, а нивните аргументи ќе ги разгледуваат на седница во понеделник, а во меѓувреме се обратиле и до Комисијата за зашита на конкуренцијата со цел да испита дали се прекршеници правилата за фер и конкуренто однесување.

Новите цените на осигурувањето што ги опфаќат возилатаа со моќност на моторото над 44 киловати, стапија на сила од вчера, а денеска Агенцијата за супервизија на осигурувањето соопти дека по извршените актуарски пресметки, утврдиле дека зголемувањето на цената, со дадените образложенија, не е оправдано.

-Го информиравме и доставивме предлог до Министерството за финансии, во рамки на неговите законски надлежности, да иницира изготвување и донесување нова тарифа на премии за задолжително осигурување од автомобилска одговорност – соопштија од таму.

Граѓаните, што ги анкетиравме велат дека одлуката да поскапи осигурителната полиса е неправедна.

Доколку останат цените што ги одредило Националното биро, сопствениците на возила со моќност на моторот од 44 до 55 киловати наместо 5.453 денари, сега за осигурување ќе треба да платат 839 денари повеќе, односно 6.292 денари.

Од 6.166 на 7.116 денари се зголемува цената за возила со моќност од 55 до 65 киловати, додека пак 1.100 денари повеќе ќе платат оние кои имаат возила со моќ од 66 до 84 киловати.

Најголемо зголемување на цената на осигурителната полиса ќе почувствуваат сопствениците на возила со помоќен мотор. Над 1300 денари повеќе ќе платат возачите чии коли се со моќност од 84 до 110 кв, додека пак над 1500 денари повеќе ќе ги чини осигурувањето тие кои поседуваат автомобил со моќност на моторот од над 110 киловати.

– НОВА ЦЕНА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ВОЗИЛО

СТАРА ЦЕНА НОВА ЦЕНА

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 44 ДО 55 КВ 5.453 ДЕН. 6.292 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 55 ДО 65 КВ 6.166 ДЕН. 7.116 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 66 ДО 84 КВ 7.133 ДЕН. 8.233 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ ОД 84 ДО 110 КВ 8.510 ДЕН. 9.821 ДЕН.

ВОЗИЛА СО МОЌНОСТ НАД 110 КВ 10.294 ДЕН. 11.879 ДЕН.

Судскиот совет наскоро ќе отпочне со усвојување на препораките на оценската мисија на ЕУ

Судскиот совет наскоро ќе отпочне со промена на деловникот за работа како дел од акцискиот план за усвојување на препораките на оценската мисија на ЕУ.

Дел од промените предвидуваат при именувањето и унапредувањето на судиите во повисоките судови, членовите на советот да го образложат својот став, особено во случај кога прворангираните судии не се избрани.

Ќе претрпи измени и правилникот што е дел од методологијата за оценување на судиите, а ќе се скратат и роковите за дисциплинските постапки.

Ова беше посочено на брифингот со новинарите кој денеска го одржа претседателката на Судскиот совет весна дамева и дел од членовите. Оценската мисија на ЕУ даде 40 препораки од кои 17 се во доменот на судскиот совет од каде велат дека временската рамка за нивно имплементирање е посебно важна за нив а се предвидува до крајот на годинава да се имплементираат сите препораки.

притисни ентер