Средба на Пендаровски со Села : Одговорен пристап за исполнување на реформската агенда

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, се наведува во соопштението од претседателскиот кабинет.

Во соопштението од Кабинетот на Пендаровски се наведува дека претседателот на Алијансата за Албанците, Села, упати честитки до претседателот Пендаровски по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во неговата работа.

На средбата се разговараше за политичката состојба во Република Северна Македонија и исполнување на стратешките цели и задачи во пресрет на значајниот период за државата.

Пендаровски повика на одговорен пристап на сите релевантни политички чинители во насока на исполнување на реформската агенда, а со цел напредок во европските и евроатлантските интеграции на Република Северна Македонија.

На средбата Пендаровски ја нагласи потребата политичките партии, и од власта, и од опозицијата, да демонстрираат заедништво, во функција на реализација на интересите на државата.

Македонија и Бугарија парафираа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Спасовски изрази задоволство од поддршката што Македонија ја добива од Република Бугарија за интеграција  во НАТО и ЕУ, за Каракачанов денешното потпишување на договорот претставува чекор напред во унапредувањето на соработката и односите меѓу двете држави. Тој ја искористи можноста во име на владата во софија да ја повтори ставот на Република Бугарија за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Сметам дека уште оваа есен ќе имаме добри вести за Македонија по однос интеграцијата во ЕУ, отпочнување преговори за членство, процес што ќе продолжи, но јасно ќе ја зацрта трасата на Македонија на патот кон европските вредносни системи и европското семејство, рече Каракачанов истакнувајќи дека Бугарија не се откажува од политиката да ги поддржува сите држави од западен Балкан во нивните евроатлански интеграции. Трговијата со луѓе е тема за која европските институции не само говорат, туку и преземаат активности оттаму што се работи за кривично дело против човекот. Соработка меѓу двете држави по тоа прашање имаше и досега, најмногу во рамки на министерствата за внатрешни работи, но со овој документ двете држави ја потврдуваат решеноста категорично заеднички да работат во спроведувањето на европската политика за борба против тој порок во двете општества, рече Каракачанов.

Царовска: вработените во градинките добиваат за 16 отсто повисоки плати

Вработените во градинките од јуни добиваат за 16 отсто повисоки плати, што е најголемо покачување досега.

 Ова го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска пред денешната средба со вработените од градинките на која беше презентиран новиот систем за плати.

Во септември, како што најави таа, вработените во детската заштита ќе добијат и уште едно зголемување од пет проценти, со кое вработените во детските градинки во Македонија добиваат покачување на платите за 21 отсто што е најголемо досега .

Повеќе во видеото.

Започна реконструкција на патот Тетово-Попова Шапка

Врз делница Тетово-Попова Шапка се прави „жолт фидинг" што подразбира санирање на дупки па поставување асфалт над целиот коловоз.

Министрите за транспорт и врски и за економија, Горан Сугарески и Крешник Бектеши, директорот на Јавното претријатие за државни патишта Зоран Китанов и тетовската градоначалничка Теута Арифи извршија увид во рехабилитацијата на патот од Тетово до Попова Шапка каде се поставува нов асфалт во должина од 18 километри и 200 метри.

-Овој е еден од основните патишта кои минатата година веднаш го ставивме за проектирање и рехабилитација бидејќи сакаме да развиваме туризам, сакаме да ги развиваме нашите туристички места. Тетово-Попова Шапка е еден од дванаесетте патишта ставен преку проект на Светска банка преку „жолт фидинг" да се гради и рехабилитира. Иако начелно компанијата треба да го направи до нова година, јас гарантирам дека до септември ќе биде готово, изјави Китанов. /МИА

притисни ентер