Ахмети нуди сите функционери да поминат низ процес на т.н. Ветинг

Партијата на Али Ахмети останува на барањето за ветинг на пратениците и функционерите кои вршат јавна дејност. 

Лидерот на интегративците на средба со ИРИ во Собранието, барал совети за примена на системот за проверка во земјава. Само на тој начин според него ќе се спречат нападите кон функционерите и ширењето на лажните вести. За скандалот со Павле Богоевски пак вели дека не бил во тек.

Во врска со “Операција Метла”, Ахмети вели дека се уште не разговарал на таа тема со Заев, чека да поминат обврските на премиерот за да договорат состанок на таа тема. Заев пак од Виена повторно најави дека промените на дел од функционерите кои потфрлиле во својата работа ќе се случат на почетокот на идниот месец и кажа дека граѓаните испратиле јасна порака дека потребна е промена.

ДЗС:Раст од 345 проценти на договорената работа на градежниците во странство

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во првата половина од годинава изнесува 3.993.844.000 денари.

Тоа е за 345,1  процент повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во периодот јануари-јуни годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 76.725.000  денари, што е за 88,5  проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина на крајот од минатата година.

Во првата половина од годинава е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија.

Во Полска трае потрагата по спелеолози, заглавени во пештера (ВИДЕО)

Полските спасувачи стравуваат за животите на двајца спелеолози , кои се заробени во пшештера во полските Татри , откако вода го преплави тунелот и им го препречи излезот.

„Условите во пештерата се тешки. Температурата е околу 4 целзиусови степени. Се плашиме за животот на заробените спелеолози“, рече Јан Кристоф, шеф на ТОПР, полската Служба за спасување во планина.

„Клучното прашање е: дали преживеале? Сè уште не знаеме каде се наоѓаат, а областа што сакаме да ја пребараме е долга околу 30 метри“.

„Чувствуваме дека тие се близу до спасувачите, можеби на 10 метри, но друго прашање е колку време е потребно за да стигнат до нив“, рече Кристоф.

,,Само за да стигнеме до местото каде се заробени, потребни се околу осум часа, па дури и повеќе за да се подготви патеката за евакуација."

Најголемата закана за спелеолозите е хипотермијата. Според четворицата спелеолози кои успеале да излезат од пештерата, двајцата колеги имаат астро фолии , што може да им помогнат да ја задржат телесната топлина.

Спелеолозите се заробени во пештерата Виелка Снијежна уште од саботата.

Џонсон ги повикува Меркел и Макрон на нов договор за Брегзит

Британскиот рпемиер Борис Џонсон ги повика денеска Франција и Германија да ги сменат ставовите за Брегзит и да се согласат на преговори за нов договор за заминување на Британија од ЕУ.

Во спротивно , Џонсон најави дека е подготвен Британија да излезе од ЕУ без договор.

„Ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври - со или без договор“, рече Џонсон на прес конференцијата  новинарите во Трур, во југо-западниот дел на Англија.

„Нашите пријатели и партнери од другата страна на каналот не се колебаат да се премислат. Во ред е, сигурен сум дека ќе го сторат тоа“, додаде тој.

„Се надевам дека разбираат дека треба да се согласат на компромис“, одговори британскиот премиер на прашањето за неговите претстојни средби со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон оваа недела.

Џонсон ќе се сретне со Меркел во среда во Берлин и со Макрон во четврток во Париз.

притисни ентер