Заев-Хан: Неколкупати досега Северна Македонија покажа дека заслужува датум за почеток на преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска на маргините на Виенскиот економски форум се сретна со еврокомесарот за поширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, Заев го информираше еврокомесарот Хан за последните политички случувања во земјата, односно за успешно спроведените претседателски избори, кои се уште еден доказ дека земјата е стабилна и сигурна и оти со право заслужува да добие датум за преговори со ЕУ ова лето.

Премиерот Заев, како што се наведува, истакна дека нема друга алтернатива за Република Северна Македонија, освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

– Отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ е единствената гаранција дека земајата и натаму ќе биде стабилна, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Северна Македонија, нагласил Заев на состанокот со Хан.

Еврокомесарот Хан, пак, средбата со премиерот Заев ја искористи уште еднаш да ја потврди неговата и поддршката на Европската Комисија за Република Северна Македонија на патот кој веќе го оди со големи чекори, патот кон НАТО и ЕУ.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер