Фото: „Жешката“ Рита Ора

Супер „жешко “ издание на британската музичка ѕвезда Рита Ора во Кан.

Атрактивната пејачка на црвениот тепих на Канскиот фестивал блесна во секси издание, фустан кој го истакна нејзиното совршено тело , посебно рамниот струк.

Во ова „жешко“ издание популарната пејачка го привлече вниманието на сите присутни.

Секс-бомбата бара момче: Треба да биде богат и убав

Откако пропадна љубовната врска на познатата манекенка Ирина Шајк и играчот на НФЛ Том Брејди, таа сега бара ново момче, изјави извор за „Page Six“.

- Потребна и е позната личност која изгледа добро и има пари. Колку такви има? Пет, десет? - изјави изворот.

Изворот како една од можностите го предложи од неодамна слободниот Том Круз. Ѕвездата од „Топ Ган“ неодамна раскина со Русинката Елсина Каирова.

Извор: Аваз

Анкета: Поддршката за членството на Полска во ЕУ - најмала во последнава декада

Поддршката за членството на Полска во Европската Унија падна на најниско ниво во повеќе од една деценија, според анкетата објавена денеска.

Според најновата анкета на институтот ЦБОС, и покрај победата на про-ЕУ коалицијата, поддршката за членството на земјата во Унијата падна на 77 отсто, што е најниско ниво од 2013 година.

Поддршката лани беше 85 отсто, а најголема беше во 2022 година, кога изнесуваше 92 проценти.

Про-ЕУ коалицијата дојде на власт во Полска на изборите во октомври по осум години владеење на партијата Право и правда (ПиС), ветувајќи дека ќе ги поништи законите воведени од десницата.

ПиС често беше во судир со западните сојузници на Полска и институциите на ЕУ во Брисел поради нивната загриженост за владеењето на правото во оваа земја. /МИА

Претставник на ОН тврди дека ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Газа

Претставникот на Обединетите нации, Пјер Лодамар денеска изјави дека ќе бидат потребни 14 години да се расчисти огромното количество урнатини, вклучително и неексплодирани експлозивни направи, што ги остави Израел за време на војната во Појасот Газа.

Лодамар, висок офицер во Службата за мини на ОН (УНМАС), на брифинг во Женева рече дека војната оставила околу 37 милиони тони отпад во широко урбанизирана, густо населена област.

Тој истакна дека иако не е можно да се одреди точниот број на неексплодирани убојни средства се смета дека под одредени услови, би можеле да бидат потребни 14 години да се расчистат остатоците, вклучувајќи ги и урнатините од уништените згради.

„Знаеме дека вообичаено има стапка од 10 проценти за неуспех, односно неактивирање на муницијата. Станува збор за 14 години работа со 100 камиони“, рече Лодамар. /МИА

притисни ентер