САД испратија носач на авиони на Блискиот исток и ги повлекоа дипломатите

Американскиот претседател Доналд Трамп изјавил дека не сака војна со Иран и покрај порастот на тензиите меѓу двете земји.

Трамп во разговор со своите советници изјавил дека не сака американскиот притисок на Иран да се претвори во конфликт.

САД испратија носач на авиони во Персискиот залив и го повлекоа дипломатскиот кор од Ирак. Причината за тоа се наводните заканувачки потези на Иран.

Запрашан за тоа дали САД ќе влезе во војна против Иран, Трамп истакнал дека “се надева оти нема“.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека американскиот државниот секретар Мајк Помпео трага по сојузници во Европа, а и пошироко, кои би помогнале да се спуштат тензиите.

Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Али Хусеин Хамнеи во меѓувреме изјави дека војна нема да има.

„Не бараме војна, како што тоа не го сакаат ни тие“ – изјавил тој за иранските државни медиуми.

Според најновите извештаи, американски разурнувач поминал низ теснецот без никакви инциденти.

Руски новинар на „Форбс“ е приведен поради наводно ширење лажни информации за армијата

Новинарот на магазинот „Форбс Русија“, Сергеј Мингазов е приведен под сомнение дека ширел лажни информации за руската армија, објави денеска магазинот.

„Форбс Русија“ додава дека досега не успеале да стапат во контакт со Мингазов. Неговиот адвокат Константин Бубон на Фејсбук објави дека новинарот е во притвор во источниот руски град Хабаровск, каде што живее.

Адвокатот рече дека Мингазов бил приведен поради преобјавување публикации за наводни руски воени злосторства во украинскиот град Буча, каде што убиствата на украинските цивили во првите недели од војната беа пријавени од Ројтерс и други новински организации.

Профилот на Мингазов на платформата Телеграм содржи бројни објави за Буча, а засега не е јасно за која од нив новинарот е приведен. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

притисни ентер