Внуката на принцезата Дајана вљубена во двојно постар милионер

Внуката на принцезата Дајана, 28 годишната Кири Спенсер е во врска со 60 годишниот милионер Мајкл Луис.

Внуката на загинатата принцеза Дајана , ќерка на нејзиниот брат , е во врска со двојно постар маж и веќе не се крие. Лејди Кити Спенсер е позната како ,,распуштена девојка во кралското семејство” , најмногу поради забавите во Лондон со учесниците на ријалити шоуто ‘Made in Chelsea’ .

Сега, со изборот на партнерот предизвика уште повеќе коментари. Папараците ги снимија на Менхетн во Њујорк како прегрнати излегуваат од ресторан. Иако се смета дека се заедно од минатото лето , овој пат за прв пат е потврдена нивната врска.  

Тие се видени и како влегуваат и излегуваат од хотелот Марк во Њујорк , каде Меган Маркл правеше забава со пријателките пред породувањето.

Луис , кој е роден во Јужна Африка , е разведен и е татко на три возрасни деца. Неговото богатство се проценува на 80 милиони фунти.

Таткото на Лејди Кити , Ерл Спенсер , братот на принцезата Дајана, е шест години помлад од Луис.

притисни ентер