Тензично и само со тројца обвинети почна јавната седница во Апелација за „Диво насеље"

Јавната седница во Апелација по жалбите на обвинетите од случајот „Диво насеље" продолжи само со тројца од обвинетите откако останатите доброволно ја напуштија седницата.

Јавната седница почна тензично откако дел од обвинетите станаа и со погрдни зборови кон судот побараа да ја напуштат седницата, бидејќи како што рекоа на албански јазик не го прифаќаат овој суд и бараат меѓународна истрага. Наспроти предупредувањата од претседателката на судечкиот совет судијката Цветанка Периќ присутните да се однесуваат со почит и да не го нарушуваат редот во судот зашто во спротивно ќе бидат отстранети, сите обвинети станаа за едноминутно молчење во знак на почит  кон сите загинати во акцијата.

Обвинетите пред почетокот кажаа дека нивните бранители немаат право денеска да зборуваат пред тие да се обратат пред судот.

-Не сакаме адвокатите да зборуваат во наше име, ние ќе зборуваме за себе. Не го признаваме овој суд  и бараме меѓународна истрага, порачаа на албански јазик дел од обвинетите.

Судот на почетокот од седницата констатираше дека пред заминувањето еден од обвинетите на судот му доставил поднесок на албански јазик што претходно и се обиде да го прочита, но не му беше дозволено. /МИА.

Заврши централниот одбор на СДСМ

Предмалку заврши состанокот на централниот одбор на СДСМ на кој разговараше за актуелни прашања во државата и партијата.

Повеќе информации во видеото.

ЗНМ: Осуда за ширењето дезинформации на пратеникот Стевананџија за новинарите Јованоски и Христов

Го повикуваме пратеникот Стевананџија јавно да објави демант за објавената невистина и да се извини на новинарите за евентуалните последици од објавата.

Здружението на новинарите на Македонија го осудува пратеникот Димитар Стевананџија, кој на својот Твитер профил објави фотографија со коментар дека колегите Борјан Јовановски и Боби Христов наводно се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Според колегите Јовановски и Христов станува збор за лажна фотографија од објект во Градскиот Трговски Центар во Скопје и истата објава служи да им се наруши нивниот имиџ како новинари.

ЗНМ укажува дека преку етикетирање и ширење на дезинформации на новинари, особено од страна на избрани претставници на Собранието на Република Македонија, може сериозно да им се наштети на професионалниот интегритет и углед на новинарите, а со тоа да се намали и довербата на јавноста во медиумите.

Освен ова, јавните личности, а особено пратениците треба да служат за пример и посебно да внимаваат како комуницираат со новинарите и воопшто со генералната јавност, напишаа од ЗНМ.

Српската Влада даде согласност со Македонија да се склучи Договор за дигитална трансформација

Како што се наведува во соопштението, целта на договорот е промовирање на соработката и обезбедување поддршка во примената на информатичките и комуникациските технологии преку спроведување на активностите за ширење на знаењето “Србија дигитализира”.

Српската Влада на денешната седница усвои Заклучок за давање на согласност на Канцеларијата за информатичка технологија и електронска администрација на Република Србија со Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија да склучи договор за соработка во областа на дигиталната трансформација, соопштија од Канцеларијата за сорботка со медиумите на срспката Влада./МИА

притисни ентер