Истражување на ОБСЕ: Форми на физичко и сексуално насилство врз жените се широко распространети во земјата

Насилството врз жените во Северна Македонија честопати не доволно се пријавува и некакви форми на физичко и сексуално насилство се широко распространети во земјата.

Како причини за непријавување на насилството анкетираните жени-жртви на насилство ги навеле срамот, финансиските причини, недостатокот на информации, недовербата во услугите, стравот од реперкусии и недоволното сфаќање на тоа што претставува насилство.

Истражувањето меѓу другото укажува дека постои потреба за поголема поддршка и дејствување за да им се помогне на жените од малцинските групи и од руралните области.

Насилството врз жените не е само женско прашање, оцени премиерот Заев, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас. Затоа, порача, треба да работиме заеднички и да ставиме крај.

– Тоа е процес што трае, но верувам дека резултатите во нашата земја ќе бидат се подобри, изјави Заев, пред презентацијата на резултатите од извештајот „Истражување предводено од ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените".

Потенцира дека насилството врз жените е неприфатливо и претставува кршење на основните човекови права.

Како Влада, потенцира Заев, ветивме дека ќе работиме на унапредување на човековите права и затоа сме посветени на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Тој информира дека се работи на јасни законски решенија, со кои се спречува насилството и се штитат жените-жртви на насилство и додаде дека Владата ја има ратификувано Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство односно Истанбулската конвенција.

– За жал заради традиционално патријархалното воспитување во нашата земја, минатото на целиот Блакански регион, се нешто што се уште е останато доминантно и многу брзо мораме да го менуваме. Работам и со жени и со мажи во Владата која ја предводам. Задоволството да се работи со жените некогаш е неколкукреатно поголемо затоа што кога тие ќе решат, знаат тоа да го исполнат, професионално да го направат. Сето тоа кај мене побудува дополнително внимание за да се прошири директно давање на можноста за се поголемо вклучување на жените во сите аспекти на нашето живеење, рече Заев, додавајќи оти се разгледува кандидати за се поголема застапеност на жените и во министерствата, заменички министри, државни секретари, директори на државните институции…

Претседателот на Владата меѓу другото информира дека прв пат е отворен Центар за жртви на сексуално насилство, во кој жртвите ќе добијат психо-социјална поддршка и помош за нивна ресоцијализација и реинтеграција, како и три центри за упатување на жртвите на сексуално насилство лоцирани во Здравствените установи во Скопје, Куманово и Тетово.

Превенцијата и борбата против насилството над жените и девојките е еден од приоритетите, изјави Амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, додавајќи дека тие треба да бидат безбедни како во јавниот простор, така и во домовите за да можат да го постигнат својот целосен потенцијал и да придонсат кон социјалниот развој.

– Насилството врз жените и девојките не е прифатливо, е дискриминирачко и против него мора да се бориме, да го осудиме и да го спречиме по секоја цена. Нашата мисија е подготвена да го поддржи националчниот акциски план на Владата за спроведување на Истанбулската конвенција, истакна Амбасадорот Која и упати порака дека сите треба да се заложат за нулта толеранција за родово заснованото насилство.

Според Амарсана Дарисурен, виш советник на ОБСЕ за родови прашања родово заснованото насилство врз жените е социјален, а не индивидуален проблем. Таа информира дека истражувањето покажало дека речиси половина од анкетираните жени во земјата веруваат дека домашното насилство е приватно прашање, кое треба да се реши во семејството, додека три од 10 жени веруваат дека жртвите претеруваат во своите тврдења за злоупотреба и за силување. Само два проценти од жените кои се соочиле со насилство од својот моментален партнер, го пријавиле посериозниот инцидент во полицијата.

Од понеделник учениците на еднонеделен пролетен распуст

За учениците од основните и средните училишта денеска е последен учебен ден по што ќе следува пролетниот распуст кој за прв пат се воведува годинава.

Од понеделник започнува пролетниот распуст за учениците од основните и средните училишта, кој ќе трае до 6 мај. Ден потоа на 7 мај учениците во чии училишта ќе се гласа се враќаат на настава, но со скратени часови и работно време до 11 часот. На 8 мај на денот на изборите училиштата нема да работат.

За прв пат годинава има промена и во календарот за настава, со што учебната година за основците, наместо на 10 ќе заврши на 17 јуни. Причина за ова е да се исполни годишниот фонт од 180 часови. Средношколците пак на летен распуст ќе одат на 10ти јуни…

Директорите на училиштата ја подржуваат ваквата одлука. Велат дека навремено биле известени за промената и се подготвени за реализација на распустот.

-Генерално сметавме дека е добар потег, бидејќи ова второ полугодие имаме малку денови неработни, па пролетниов заедно со Велигден и со мај ни дојде како споено, така да позитивни се до некаде реакциите.-Фоника Станоева - директор на ООУ Љубен Лапе – Аеродром.

За разлика од раководствата на училиштата, граѓаните со скепса гледаат на промената.

-Доволно е зимски распуст и летен распуст, а пролетен распуст мислам дека нема потреба. Се нарушува наставата и така не се добро опремени со книги со такви работи немаат за учење и сега плус и со наставата.

-Не е добра идеја. Сега можеби е добра затоа што има празници инаку пролетен распуст воопшто не го одобрувам. Кога децата ќе навлезат во учењето ние им даваме одмори, само што се навлезени во учење тогаш се оценките, тогаш се писмени работи.

Дополнително од МОН ги задолжија директорите на училиштата да организираат обработка на наставата од двата изборни дена и неработниот ден од Советот на министри на ОБСЕ, преку подолг престој на учениците во училиштата во денови од работната недела, а во рамки на шестчасовното работно време на наставниците.

САД соопштија дека уништиле беспилотни летала на Хутите

Војската на САД денеска соопшти дека коалициските сили „ангажирале и уништиле“ два беспилотни летала во деловите на Јемен контролирани од Хутите, откако бунтовниците поддржани од Иран лансирале балистичка ракета во Аденскиот Залив.

Противбродскиот проектил лансиран вчера не предизвикал повреди или оштетувања, се вели во соопштението на американската Централна команда (CENTCOM).

Неколку часа подоцна, американската војска „успешно ангажираше и уништи еден брод без екипаж и едно беспилотно летало во областите во Јемен контролирани од Хутите, соопшти командата.

Бунтовниците од ноември извршија десетици ракетни и беспилотни напади насочени кон бродовите, велејќи дека тие дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците за време на војната меѓу Израел и Хамас во Газа. /МИА

Блинкен: Студентските протести во САД се дел од демократијата

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека студентските протести во САД поради ситуацијата на Блискиот Исток се дел од „демократијата“.

„Белег на нашата демократија е тоа што нашите граѓани во секое време го изразуваат своето мислење, загриженост, гнев“, изјави Блинкен за новинарите за време на посетата на Кина.

Студентските протести во САД почнаа на Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Некои од престижните универзитети, како Харвард, Јеил и Принстон, се приклучија на студентското движење и демонстрации. /МИА

притисни ентер