Папата Франциск ја продолжува Апостолската посета на Бугарија, утре доаѓа во Скопје

Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск денеска го продолжува дводневниот престој во Бугарија со посета на бегалскиот прифатен центар „Враждебна" на периферијата на Софија.

За време на престојот во кампот, папата ќе има средба со неговиот директор, со претставникот на хуманитарната организација „Каритас" и со дел од волонтерите што им помагаат на бегалците, а ќе се сретне и со деца сместени во центарот.

По посетата на кампот, понтифот ќе отпатува за градот Раковски, што се наоѓа во близина на Пловдив, каде ќе одржи миса во католичката црква Пресвето срце, по што ќе се сретне со претставници на локалната католичка заедница.

Официјалниот дел од посетата на Бугарија папата Франциск ќе го заврши со молитва за мир на плоштадот „Независност" во Софија, на која ќе присуствуваат и претставници на други верски заедници во земјата.

Во вторник папата од Софија ќе допатува во Скопје, каде ќе има средби со претставници на македонските власти, на невладиниот сектор и на дипломатскиот кор, ќе ја посети меморијалната куќа на Мајка Тереза, ќе одржи света миса на централниот градски плоштад „Македонија" и ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со млади лица од различни верски заедници.

Инаку, низ Софија можат да се видат билборди на кои се најавува дводневниот престој на папата во земјата во рамките на неговата Апсотолска посета на Бугарија и Северна Македонија.

На билбордите има фотографии на папата Франциск, верски мотиви или пригодни пораки./МИА

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер