Силвана и Тони остварија дел од сонот „гушни го светот“

Турција, Казахстан, Индија, Инодонезија, Австаралија за скоро 11 месеци со мотор Силвана и Тони остварија дел од сонот „Гушни го светот“. 

Замина минатиот јуни со позитивна енергија, секоја држава е посебно, а секој народ различен еден од друг. Најубава за нив е Австралија, каде и добиле најголема поддршка од ислениците од Македонија. За Силвана во поголем дел од азискиот континент проблем била храната, многу различна и специфична, најблиска до нив бил оризот. Но низ смеа раскажуваат од како се вратиле скоро една недела ориз не пробале.

Од култура до историја се убаво и различно. Двајцата пишувале дневник и сето искуство сакаат да го објават. Имало и моменти на слабост, но моменти на интересни моменти каде буквално ги пречекувале како свои.

Силвана е вистински патеписец во раскажувањето и доживувањето. Низ смеа вели силниот адреналин ни создаде имунитет, ниту еднаш не се разболевме. Тони е одличен организатор кај него се е под контрола.

Силвана и Тони не застануваат тука веќе се подготвуваат за наредната турнеја Африка, Јужна и Северна Америка да ја поминат со нивниот вреден и издржлив пријател моторот.

Заев: Коалицијата Можеме е победник на овие избори!

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето рече дека коалицијата Можеме е победник на предвремените парламентарни избори со најмалку три пратеника предност пред ВМРО-ДПМНЕ.

Заев рече дека коалицијата има сигурна и стабилна предност од најмалку тројц апратеници , со мошност за добивање уште двајца или тројца.

,,Со оваа ваша поддршка не обврзувате на одговорност, но може да работиме уште повеќе и уште подобро" , рече Заев .

ДИК: СДСМ 36,13%, ВМРО-ДПМНЕ 34,65%, ДУИ 11,57%, АА и А 8,79%

Од преброени гласови 96,93 отсто од избирачките ливчиња, Коалицијата предводена од СДСМ „Можеме" води со освоени 36,13 отсто од гласовите пред ВМРО-ДПМНЕ со 34,65.

Податоците објавени од Државната изборна комисија во нивното седиште, имајќи предвид дека веб страницата повеќе од еден час не им функционира, покажуваат дека за ДУИ гласале 11,57, за Алијанса на Албанците и Алтернатива 8,79, за Левица 3,96, ДПА 1,48 и за Интегра 1,33 , а другите партии и коалиции учесници на изборите имаат под 0,4 отсто, информира пред малку на прес конференција портпаролот на ДИК , Адмир Шабани.

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за формирање на нова влада

Народот покажа дека народот не сака криминална и коруптивна власт, рече генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ , Игор Јанушев.

Победивме во голем број градови и населени места рече Јанушев. Трката е тесна речиси изедначена , да почекаме да ги видиме финалните бројки.

ВМРО-ДПМНЕ влегува во трка за обезбедување мнозинство за формирање на нова влада .

притисни ентер