Тимоние за МИА: Владеењето на правото основа за отпочнување на преговорите

 Македонија оствари голем напредок особено од 2016 година наваму.

Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите, вели во интервју за МИА францускиот амбасадор во земјава Кристијан Тимоние.

Тој во интервјуто се осврнува на Стратегијата за Западен Балкан што ја објави вчера Франција, по неформалниот самит за Западен Балкан во Берлин, што го организираа францускиот претседател Франсоа Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел.

Тимоние вели дека Стратегијата ја утврдува посветеноста на Франција на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на западнобалканските земји.

За првиот круг од изборите вели дека поминале во демократски дух, а во однос на претстојниот втор круг, ги повикува граѓаните да излезат да гласаат, и оти за нив, како што вели Тимоние за МИА, тоа „ќе преставува големо охрабрување да ви помогнеме на вашиот европски пат".

–Франција излезе со Стратегија за Западен Балкан? Што е новитетот, односно клучната порака, што ќе ги засега земјите од Западен Балкан?

Оваа стратегија ја утврдува нашата посветеност на највисоко ниво за поддршка на европскиот пат на земјите од Западен Балкан. Таа се темели врз очекувањата на луѓето коишто живеат во овој регион да видат вистински напредок во областа на реформите и владеењето на правото. Но таа се темели и врз нашите очекувања да видиме дека напредокот се материјализира и конкретно се потврдува во пракса. Поддршката за реформата на правниот систем и генерално за имплементацијата на европските стандарди во областа на администрацијата ќе претставува конкретен придонес кон вашиот европски пат. Областите се јасно идентификувани и нашите залагања ќе претставуваат поддршка и надополнување на веќе реализираните активности во рамките на ЕУ и другите мултилатерални институции. Станува збор за мобилизирање на нашите напори околу конкретните можности за соработка која ќе биде поддржана од Француската агенција за развој. Таа веќе почна да се насочува во одредени правци кои може да ја опфатат областа на екологијата, квалитетот на воздухот и животната средина.

–Македонија е пофалена за напредокот особено што го реши долгогодишниот спор со Грција, и е оценета како единствена светла точка на Балканот. Дали напредокот ќе се ефектуира во почеток на преговори со ЕУ?

Ги поздравуваме напорите што се за пример кога станува збор за процесот на помирување, а кои беа спроведени со сета неопходна храброст и одлучност од страна на властите во земјата, особено од 2016 година наваму. Тие напори треба да продолжат и понатаму. На тој начин, Македонија и целиот регион ќе го заземат ветеното место во рамките на една обновена европска конструкција, за што Франција особено се залага. Сепак, секогаш од наша страна беше јасно речено дека вистинскиот напредок може да се согледа низ критериумите на владеењето на правото и дека тој ќе претставува основа за отпочнување на преговорите.

–Како го оценувате првиот круг од претседателските избори и какви се Вашите очекувања за претстојниот втор круг ?

Првиот круг од изборите помина мирно, со тројца кандидати кои демонстрираа голем квалитет и сите тројца ја искажаа својата волја за унапредување на владеењето на правото и консолидирање на државата. Очекуваме и граѓаните да дадат свој придонес кон таа консолидација преку најосновниот граѓански чин, а тоа е да излезат и да гласаат и во вториот круг, односно да покажат дека земале учество во гласањето. За нас тоа ќе претставува големо охрабрување за да ви помогнеме на вашиот европски пат. Државјанството е основа на вредностите во Европа, секаде каде што имате аспирации да влезете. Таква порака очекуваме да ни пристигне во Париз, но се очекува и во другите главни градови./МИА.

Вработените во фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во фондот за здравство утре повторно излегуваат на протест.

Целта како што велат е да го изразат незадоволството дека не добиле усогласување на платите со растот на минималецот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

На протестот според Деаноски ќе се бара и разрешување на управниот одбор кој обвинува дека е против барањата на вработените.

Доколку утрешниот протест на вработените во ФЗОМ не вроди со плод, синдикалците најавија штрајк од 1. Јуни. Инаку, ова не е првпат да има проблеми во Фондот за здравство. Во февруари, вработените два дена штрајкуваа поради најавата од Управниот одбор дека платите ќе им бидат намалени за 21 процент. Сепак, до такво нешто не дојде.

Предизборни калкулации околу составот на идната влада

Откако ги прозваа дека за да му се допаднат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се откажале и од условот за уставни измени, албанските опозиционери ги повторија нивните барања за  учество во новата влада. 

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши порача дека коалицијата „Вреди“ е доследна на ставот за усвојување на уставните измени и тоа во конкретен рок, како и дека претседателот на државата треба да се избира во Собранието. Според Гаши, тие се обврзани да бидат дел од идната влада во која ќе водат важни институции од секторот за внатрешни работи. Со ВМРО-ДПМНЕ, вели, се уште не разговарале за темата уставни измени, но оти за тоа е потребен поширок консензус и дебата.

Позициите од кои не планираат да се откажат ги повтори и потпретседателот на ДУИ, Османи - усвојување на уставните измени, почитување на договорите како и ветинг, се условите за коалицирање на „интегративците“. На Мицкоски му одговори дека тој не одлучува кој ќе биде претставник на Албанците во новата влада туку народот, а скандирањето „УЧК“ од лидерот на ДУИ Ахмети на митинг среде Скопје, според Османи, е реакција на националистичката реторика од Мицкоски која ги иритирала Албанците.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митинг синоќа од Битола упати порака до Мала Речица, како што рече, да не праќаат емисари да го премислат, бидејќи партнерот за новата влада ќе го бара во албанската опозиција, а на ДУИ време и е за опозиција и одговорност.

Отворена врата за коалицирање Мицкоски остави и за движењето ЗНАМ на Максим Димитриевски и во партиите со кои ќе споделуваат исти принципи и вредности и чии гласови ги очекува на контото на Силјановска Давкова во вториот круг од претседателските избори.

МФ-Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките

Министерството за финансии пред малку информираше дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност на денешната седница го разгледала извештајот за зголемените цени на осигурителните полиси за возилата. 

Од таму велат дека комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување. Пред Минситерството за финансии е Игор Манасиевски, целосниот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер