Смртна казна за расист кој до смрт измачуваше афроамериканец

Џон Вилијам Кинг  кој изврши најтешко измачување од расистички побуди во САД , ноќеска треба да биде егзекутиран во Тексас.

Расистот беше осуден на смртна казна зашто со синџири го врзал афроамериканецот Џејмс Бирд Џуниор за својот камионет и го влечел речиси пет километри низ шумата во околината на местото Џеспер во Тексас. Овој страшен чин на измачување се случил на 7 јуни 1998 година и стана еден од најбруталните расистички злосторства во поновата исрторија на САД.

49- годишниот Афроамериканец бил жив првите три килломтери од измачувањето низ шумскиот пат , пред телото буквално да му биде распарчено.

Кинг отворено ги застапува своите расистички ставови , па дури има и тетоважа мна која е прикажан црн човек како виси обесен со јаже на вратот.

Доколку не дојде до помилување во последен момент , ноќеска Кинг треба да биде езгекутиран , со што ќе биде трет затвореник врз кого годинава во Тексас била спроведена смртна казна од вкупно четири случаи во сите САД.

Блинкен за неколку дена во Израел, седми пат од почетокот на војната

 Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вторник ќе го посети Израел, седми пат по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше како одговор на Израел во Појасот Газа.

Јавниот сервис Кан денеска јави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафа, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држи Хамас.

Блинкен моментално е во посета на Кина.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа, ние ќе продолжиме да се бориме.

СДСМ ја слушна пораката од граѓаните и ја прифаќа.

Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин, за прогресивна и европска иднина на Македонија.

Резултатот на изборите на 8 мај сè уште не е одлучен.

Со десничарите може да се соочиме со мрачни сценарија од минатото, кои ќе стават крај на европските перспективи и кои водат во нова долга изолација и нови поделби во општеството.

Веќе се гледа дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра со мултиетничкото ткиво на нашето општество. Тензиите што се сега се прават меѓу Македонците и Албанците може да нè вратат назад во грдото минато.

Затоа е исклучително важно граѓаните да излезат и да гласаат на 8 мај, за напредна држава, држава во која ќе имаме подобар животен стандард.

Нема откажување од иднината!

СДСМ

Јанчев: Се поставуваат сливници и решетки во село Возарци

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, објави на социјалните мрежи првиот човек на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. 

Во тек е поставување на сливници и решетки во село Возарци, откако претходно беше поставена атмосферска и фекална канализација, беа асфалтирани сите споредни улици како и комплетно целата главна улица.

Инвестиција на Општина Кавадарци во висина од 20.000.000 денари, а изведувач е фирмата Жикол.

За убаво Кавадарци. [🍀], напиша Јанчев на Фејсбук.

притисни ентер