Се претпоставува дека на овој начин со дронови , вакцини ќе добијат над 12 милиони жители на оваа западноафриканска земја. ,,Никој во Гана не смее да умре зашто не може итно да добие лек “ , рече претседателот Нана Акуфо- Адо , пред почетокот на работата на овој сервис во градто Оменаку , каде е направен еден од четирите дистрибутивни центри во земјата.
Дроновите ќе летаат 24 часа дневно , а ќе служат за достава на крвни продукти , лекарства и вакцини .Со оваа достава стопанисува компанијата Зиплајн , со седиште в Силиконската долина во САД , како и Глобалниот сојуз за имунизација и вакцини.
Во центрите има околу 30 дронови , кои ќе летаат кон над 2000 здравствени центри низ Гана.