Без струја утре делови од повеќе скопски општини

Заради закажани тенички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Илинден, Арачиново, Гази Баба, Студеничани и Центар.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат објектите на Нептун, ЈЦС Шпед и Градежен Институт во општина Илинден и долниот дел од Арачиново од Полициската станица до средина на Арачиново.

Без струја во периодот од 07:30 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од ул. „519" и околните споредни улици во населбата Керамидница во општина Гази Баба, во период од 09:00 до 17:30 часот дел од село Долно Количани во општина Студеничани и во период од 09:00 до 10:30 часот ул. „Рузвелтова" бр. 8  во општина Центар. 

Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција

Најдоцна до петок владејачката партија ќе излезе со предлог за владината реконструкција.

Ова вчера го најави  и министерката за одбрана Радмила Шекеринска во синоќешното гостување на телевизиска  емисија. Таа рече дека најавената реконструкција ќе се случи наскоро.

-Очекувам дека до петок, предлогот за реконструкција да биде доставен во собранието-рече Шекеринска која потенцираше дека следуваат и системски промени на делување во интерес на граѓаните.  

Се очекува осуммина министри да ги предадат фотелјите, извори од владината коалиција велат дека дел ќе бидат ротации, а дел нови решенија. Освен на министерско ниво, новиот кадровски бран ќе опфати и над 20 директори

За сега се знае дека  министерот за земјоделие Љупчо Николовски заминува од функцијата и ќе продолжи да работи во партијата.

Во Штип инфо сесија за Законот за финансиска дисциплина

 Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива денеска во Штип ќе одржи инфо сесија на тема „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори".

Целта на настанот е претставување на Законот за финансиска дисциплина и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, како и дефинирање конкретни предлози и решенија за подобрување на правната рамка.

Според организаторот, целта на предлозите од инфо сесијата е подобрување на условите за работа на компаниите.

На настанот ќе присуствуваат претставници на релевантни институции, стопанственици и експерти.

Министерски совет на ЕУ за Македонија и за Албанија

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од западниот Балкан и проширувањето.

 Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај во своите извештаи.

Досега не е постигнат консензус помеѓу земјите членки за заклучоците на овој состанок.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

притисни ентер