Во држава каде што граѓаните не се чувствуваат еднакви и каде имаме неодговорни политичари, како во изминативе 18 години, а тоа предизвика голем егзодус, треба да ги смениме нештата, истакна вечерва во Кичево, претседателскиот кандидат на Алијанса на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река.
За време на митингот, проф. Блерим Река, истакна дека суштината на мултиетничката република е законот и само Законот над се е република за сите, и ова е мојот концепт.
"Само во една република каде владее законот ќе дозволиме политичари кои имаат чисти раце, и никако валкани раце. Законот ќе биде оној кој ќе ги осуди не само кривично, туку законот ќе ги испрати во историја политичките партии, кои 18 години се во судир со законот, беа корумпирани и продолжија со непотизам, плус тоа не ги почитуваат судовите. Заврши времето на корумпирани политичари, кои се склони на непотизмот, тоа ќе заврши на 21 април. Општество за сите, бидејќи ние постоиме како општество, ние сме дел и ќе останеме дел од ова општество, но тоа што и недостасуваше на оваа држава е Албанците да се дел од заедничката држава. Без да бидеме дел од највисоките државни структури, ние нема да бидеме еднакви ", истакна Река
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, нагласи дека Албанците ќе гласаат со дигнитет за концептот „За република", што го нуди Река.