Спектакуларна премиера во Скопје на новиот Range Rover Evoque

Новиот Range Rover Evoque пристигна и кај нас.  Во друштво на стотици гости, јавни личности, и други ВИП гости.., вчеравечер најновиот модел на Land Rover имаше спектакуларна премиера.

Пред присутните гости, врвниот менаџмент од „Аутомобили Груп“ ги претставија перформансите на овој урбан  SUV, за кој велат дека го става Скопје рамо до рамо со светските метрополи.

„Сите ние во Automobi Group ги поставаме клиентите на Ц и одиме подалеку во работењето се со цел да обезбедиме што е можно подобри продажни услуги.“, рече Драган Јаневски, директор на Land Rover

„Нивоата на префинетост и софистицираност кои досега го карактеризираа досегашниот модел, сега се подигнати на едно ново ниво, и може да се каже дека неговата надоврешност е префинета еволуција, а неговата внатрешност и дизјан е возбудлива револуција.“, рече Љупчо Горгиевски, бренд менаџер Jaguar Land Rover Automobili Group

Со раскошни природни материјали во внатрешностa на кабината, дизајнот ја следи стратегијата на редукција и смиреност и го оправдува мотото – Above and Beyond - да се биде над сè во сѐ и повеќе од тоа, да се оди подалеку.

Роналдо во Дубровник сместен во вила каде ноќевањето чини 7000 евра

Фудбалската мега ѕвезда Кристијано Роналдо на Јувентус му ја донесе осмата последователна титула шампион на Италија.

Португалскиот ас стана првиот светски фудбалер со освоена титула во Англија, Шпанија и Италија. Роналдо само три часа по синоќешниот натпревар со приватен авион слетал на аеродромот Чилипи во монденскиот Дубровник во Хрватска.

Локалните медиуми сега откриваат дека Роналдо и Георгина Родригез  во Дубровник се сместени во елитната Вила Шехерезада во која ноќевање чини „само“ околу 7000 евра.

Во истата вила престојувале и Елизабет тејлор, Ричард бартон, Софија Лорен, Џејми Фокс ...

Со прекрасниот поглед од  нивниот апартман во преубавата вила  на Инстаграм се пофали свршеничката на Кристијано атрактивната Георгина.

Фото: Во специјални дресови до титула!!

Фудбалерите на богатиот ПСЖ во 33 коло од Лига ! во голем стил ја одбранија шампионската круна во Франција.

Во дрес со мотиви на Нотр Дам, најдобриот млад фудбалер на светот Килијан Мбапе постигна хет-трик, а Бразилецот Нејмар по подлг период поради повреда се врати на теренот во победата над Монако од 3-1.

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје

Почна теренската вакцинација и ревакцинација во училиштата во Скопје. Вкупно 400 деца на територијата на Скопје не се вакцинирани .

Од Здравствениот дом Скопје очекуваат тие да бидат опфатени  во текот на оваа недела . Од утрово вакцинацијата започна во основното учлиште Јан Амос Коменски во општина Карпош.

Од здравствениот дом информираат дека сите родители се навреме информирани за вакцинацијата . Инаку минатата недела беше прогласена епидемија на морбили на целата територија на држава, се очекува вакцинацијата да се одвива во сите градови

притисни ентер