Помилувањето за „27 април" од Иванов не би можело да има правно дејство

И поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април" од страна на Претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство

И поранешниот претседател на Уставниот суд Трендафил Ивановски смета дека помилување на осудените во настаните од „27 април" од страна на Претседателот на државата во моментов не би можело да има правно дејство, бидејќи нема член врз основа на кој тоа би било правно засновано.

– Член 11 од Законот за помилување на кој некој сака да профитира и да создаде некои состојби ниту постои во правниот поредок, ниту, пак, можел да постои. Уставниот суд со своја одлука во 2016 година го поништил дополнувањето на Законот што се однесувало на зголемените права на претседателот на Републиката. Меѓутоа, некој сака тоа дополнување на Законот за помилување што е поништено да го врати во правниот поредок. Но, ниту Уставниот суд , ниту друг може да го врати тоа во правниот поредок, бидејќи не постои таква одредба, вели Ивановски во изјава за МИА.

Според него, шефот на државата во овој момент нема законски основ тоа да го примени.

-Претседателот може да носи помилување, но само во согласност со Закон, а не неограничено како што беше порано предвидено со оваа одредба, вели Ивановски.

Во контекст на тоа додава дека помилувањето не е можно и поради фактот што сега сме веќе пред избори на претседател на Републиката.

-Со други зборови некој кој ја вршел функцијата 10 години и кога му останале уште 10-ина дена од мандатот неморално и правно неиздржливо е сега да се фаќа со некакви аргументи за некакво алиби и да бара преку одлуки на Уставниот суд за да може да врши соодветно помилување, односно да изрекува мерки со кои ќе го спречи кривичното гонење на криминалот, вели Ивановски.

Според тоа, како што истакнува, помилувањето од претседателот на Републиката во овој момент би било и противуставно и противзаконито.

Ивановски вели дека откако Уставниот суд во 2016 година ги укинал измените во Законот за помилување, за повторно да оживее претходно укинатиот член 11, требало Парламентот да предложи измени и дополнувања на Законот за помилување, а пратениците да ги изгласаат, а не, како што додава, сега да се толкува дека автоматски состојбата се вратила на старото решение.

– Во Законот не постои член 11 што му дава на претседателот можност да врши помилување во соодветната постапка. Таквата одредба е укината. Самото Собрание извршило дополнување тогаш, а не Уставен суд. И според тоа, ова не може да биде во примена, ниту може претседателот да го користи, вели Ивановски.

Поранешниот претседател на Врховниот суд, Дане Илиев и министерката за правда, Рената Дескоска се согласни дека правно е невозможно претседателот Иванов да ги помилува осудените за „27 април", како што тоа го направи во 2016 година за вкупно 56 лица кои беа опфатени со истрагите на Специјалното јавно обвинителство.

Илиев во изјава за МИА вели дека законска можност за помилување сега нема, бидејќи тоа е процедура, која претрпела законски измени, а и времето на изборите тоа не му го дозволува.

-Но, кај нас знаете, законот многу не се почитува, може и тоа да биде. Инаку, правно мислам дека нема можности за таква работа, бидејќи тоа би било злоупотреба на правото и на неговите овластување како претседател, изјави Илиев.

Појаснува дека процедурата за помилување би требало да оди преку Министерството за правда, поединечно за секое барање, за разлика од амнестијата која се носи со закон од Парламентот.

И министерката Дескоска нагласува дека постапка за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, а до нив досега не се стигнати барања за помилувања на осудени лица за настаните во Собранието од 27-ми април 2017 година.

Дескоска посочува дека нема законска можност да се води постапка за помилување од страна на претседателот на државата.

Појаснува дека постапката за помилување може да се води единствено преку Министерството за правда, имајќи предвид дека нема законска основа за помилување без претходна постапка во ова Министерство.

-Избришан е членот 11 од Законот за помилување кој претходно предвидуваше таква постапка од страна на претседателот, а и со укинувачка одлука на Уставниот суд во 2016 година тој член не е „оживеан", односно не постои во правниот систем на државава, објаснува министерката.

Втората пречка, како што додава Дескоска, произлегува од фактот што се распишани претседателски избори, а во тој период не може да се даваат помилувања.

– Министерството за правда откако се распишани изборите не препраќа никакви предмети за помилување до Кабинетот на пртседателот на државата. Во оној момент кога Државната изборна комисија официјално ќе прогласи дека изборите се завршени ќе може да бидат препратени барања за помилување до Кабинетот на претседателот, вели министерката за правда.

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање рече дека аболицијата од претседателот Ѓорге Иванов не очекува, бидејќи тоа не постои повеќе како законска можност.

Владинот портпарол Миле Бошњаковски вчера на прес-конференција рече дека Владата не очекува Иванов „да се дрзне и да го направи тоа", бидејќи би го прекршил Уставот и законот.

До кабинетот на претседателот на државата, како што потврдија за МИА, се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април", а последното пристигнало во петокот. Оттаму не посочуваат кои од осудените побарале помилување.

За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица.

Највисока казна од 18 години доби поранешниот министер за внатрешни работи и директор на БЈБ, Митко Чавков.

Мандатот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов истекува на 12 мај годинава. Неговиот наследник треба да се добие по претседателските избори што ќе се одржат на 21 април и 5 мај. /МИА

Параглајдерист преживеал пад од 30 метри- камерата го снимила ужасот (ВИДЕО)

Јутјуберот Ентони Вела го тестирал леталото над државниот парк во Аризона кога доживеал несреќа.

Тој објави видео од инцидентот на популарната платформа, откако падна на земја од околу триесетина метри, врескајќи и плачејќи.

Ентони некако повикал помош.

„Тој звучеше очајно, го повика диспечерот и рече дека се урнал со својата летечка машина“, беше објавено.

Неговиот пријател пристигнал за неколку минути, а властите „во живо“ ги следеле драматичните моменти, пренесува Дејли Стар.

Диспечерот го прашал пријателот дали жртвата имала повреди или крвари, а Ентони тврдел дека е добро. За жал згрешил, бидејќи подоцна било откриено дека има неколку скршеници.

На пат кон болница ѝ се јавил на сопругата и ѝ рекол: „Колабирав, ми се скрши раката. Ќе бидам добро, љубов, не грижи се“.

Исплашената жена одговорила: „Што сакаш да кажеш, не грижи се?“.

Се верува дека инцидентот бил предизвикан од дефект на моторот, а Јутјуберот ги предупредил луѓето тројно да го проверат секој дел пред да полетаат.

Доктор имал интимни односи со жени во ординацијата, додека пациенти чекаат на ред

На лекарот кој се снимал себеси за време на интимните односи во ординација, додека пациентите го чекале својот ред, му се заканува крај на кариерата.

Том Плимер (40) се појави во ТВ шоуто „Први средби“ уште во 2018 година, а снимката наводно ѝ ја покажал на својата колешка од Свиндон. Потоа ѝ испратил на медицинска сестра 197 експлицитни фотографии откако таа била „принудена во врска со него“.

Трибуналот кој се занимава со жалби против лекарите откри дека способноста на д-р Плимер за професионална работа била нарушена поради недолично однесување, пишува Дејли Меил.

Членовите на трибуналот слушнале дека тој наводно поканил две жени на лекар, кои ги запознал преку Интернет, а потоа водел љубов со нив во работното време.

Се тврди дека имал интимни односи со најмалку шест жени во канцеларијата, а на поранешните љубовници им испраќал контроверзни фотографии додека пациентите го чекале својот ред.

За време на неговото појавување пред трибуналот, д-р Плимер се извинил за неговото „одвратно однесување“.

Тој претходно беше прогласен за виновен по повеќе обвиненија, меѓу кои и шетање по извршена операција со откопчани панталони, испраќање експлицитни видеа, како и ставање рака на колешка на гениталиите.

Против него е поднесена дополнителна пријава за полови дејствија во ординација.

Медицинската сестра тврди дека започнала „пријателство“ со докторот по „двосмислените пораки за чоколадното зајаче“. Тој наводно ѝ се доверил дека е зависник од секс и разменил 5.000 пораки со неа.

Една порака наводно гласела: „Можам ли да ти дозволам да влезеш во некоја тајна? Ти си мојата омилена“.

Плимер ѝ покажал 197 фотографии и видеа на кои тој има односи со други жени, било кажано на Трибуналот.

Лекарот минатата недела изјави дека „се опоравува од зависноста“ со поддршка од пријатели и зема лекови. Тој признава дека испраќал експлицитни видеа на жени, но тврди дека сѐ било со согласност.

Трибуналот допрва треба да донесе конечна одлука за овој случај.

Полицијата ги растера студентите пред елитната Сорбона на пропалестински протести (ВИДЕО)

Полицијата растера десетици демонстранти кои денеска кампуваа во дворот на Универзитетот Сорбона во Париз за да протестираат против војната во Газа, изјави тамошен студент.

Протестите се случија три дена по протестите на елитниот универзитет Сајнс По во главниот град и следеа антиконфликтни собири во кампусите низ Соединетите држави, објави Франс24..

„Имаме секаква причина, како на Јеил, Колумбија, Сајнсс По... да го осудиме она што го гледаме дека се случува“, рече студент, кој се претставил само како Леонард, на друг митинг пред влезот на Сорбона.

Универзитетот, еден од најстарите во светот, ги затвори своите згради за време на мирните протести. Студентите извикуваа „Слободна Палестина“ и ја повикаа институцијата да го осуди Израел. Вкупно 253 заложници беа заробени во напад на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври. Според израелските податоци, членовите на Хамас во нападот убиле околу 1.200 Израелци.

Израел возврати со наметнување опсада на Газа и воздушен и копнен напад. Според здравствените власти во Газа, израелската војска убила најмалку 34.488 Палестинци во тие напади.

Неколку француски политичари, меѓу кои и Матилд Пано, која ја предводи левичарската група пратеници на ЛФИ во Националното собрание, ги повикаа поддржувачите на социјалните мрежи да се приклучат на протестите во Сорбона.

притисни ентер