Само под еден услов Погба ќе остане во Јунајтед

Пол Погба се препороди по заминувањето на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед и доаѓањето на негово место на Оле Гунар Солскјер.

Импресивната серија на Погба , под раководство на Норвежанецот траеше некое време, а потоа е прекината со двата порази во последните три натпревари. Еден од нив е испаѓањето на Манчестер Јунајтед од ФА купот , што беше единствениот трофеј , освен Лигата на шампионите , што можеа да го освојат оваа сезона.

Солскјер има планови веќе и за следната сезона , во кои е вклучен и Погба. Реал Мадрид веќе го означи Погба за цел за трансферот во летниот период , а Зинедин Зидан би сакал да го види токму него во тимот. Погба има договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2021 и е отворен за опцијата да остане во клубот , но под еден услов.

Британски Мирор пишува дека тој би останал во клубот само ако му ја зголемат платата. Поточно , доколку се изедначат со оние кои ги добива Алексис Санчез , кој во моментов е најпалтениот играч бна Јунајтед со 450 000 фунти неделно.

Познато е и дека Јунајтед не смее да не ги задоволи желбите на Погба, зашто токму неговото незадоволство доведе до заминување на Мурињо од клубот.

Шпанија е светски првак во кошарка

Кошаркарите на Шпанија в доминантен стил го освоија пехарот на Светското првенство во кошарка , што се одржа во Кина.

Тимот на селекторот Серџо Скариоло ја совлада Аргентина со 95: 75 и дојде до втората шампионска титула.

Ова е исклучително голем успех на Шпанците , кои далеку зад себе ги оставија Американците , на деветтто место , Србите, Французите...

Но , особено радосен на победата е Марк Гасол , кој успеа во подвигот што до сега му успеало само на американскиот кошаркар Ламар Одом. Гасол со тимот на Торонто репторс во НБА лигата го освои шампионскиот прстен , а сега и светското злато , два најголеми кошаркарски успеси во една сезона.

По освојувањето на втората светска титула, помладиот од браќата Гасол истакна дека сега е можност тимот да испрати некои важни пораки.

"Мора да им кажеме на младите луѓе дека тие треба да бидат добри луѓе. Сега е шанса да покажеме добри примери затоа што имаме внимание на медиумите. За мене беа добри три месеци. Среќен сум и благословен што сум во оваа ситуација", рече Гасол.

На прашањето дали Шпанија ќе ги има браќата Гасол и на Олимпијадата во Токио следната година , тој рече дека за ова не може да се разговара во моментов.

Навивачите го прекрија теренот со играчки , причината е извонредна (ВИДЕО)

Денеска во Ротердам беше одигран натпреварот од шестото коло на холандското првенство во кое домаќинот Фејнорд победи над екипата на Ден Хаг со 3:2.

Сепак головите и фудбалската игра паднаа во втор план пред она што се случуваше на трибините. Навивачите на Ден Хаг , кои во голем број стигнаа на теренот во Ротердам , го прекрија стадионот со плишани играчки.

Играчките се подарок за пациентите на детската клиника во Ротердам . Инаку фрлањето играчки на стадионите каде гостува нивниот тим , стана традиција за навивачите на Ден Хаг.

Евгениј Поп Ацев победник на Велешкиот пливачки маратон

Евгениј Поп Ацев од пливачкиот клуб „Вардар 2018"  го освои првото место на шестиот „Велешки пливачки маратон" на 10 километри кој се одржа на езерото „Младост".

Поп Ацев на целта стигна за 2:10:26, а за МИА рече дека ова е негово четврто учество на маратонт кој, според него, од нареднат година треба да да влезе во Фино Светската серија за маратони и да биде бодуван во светски рамки.

Второто место го освои Александар Илиевски од пливачкиот клуб „Нептун" од Скопје со време од 2:11:50

На трката од пет километри во машка конкуренција прв на целта стигна Андреј Стојановски од ПК „Нептун", втор Божидар Мирчевски од ПК „Работнички" и трет Петар Краљевски од Пк „Аква" од Куманово.

Јана Костадиновска го освои првото место на пет километри во женска конкуренција, втора беше Калина Стојчевска и трета Илина Јордановска, сите од ПК „Младост".

На трката од  2.500 метри од мажите прв до целта стигна Борјан Давковски од ПК Нептун, втор е Давид Јорданов од ПК Орион и трет Сидрид Деску од ПК Степ од Приштина. Во женска конкуренција првото место го освои Калина Стојановска од  ПК Нептун а втора пристигна Антонија Андовска од ПК Челични.

Во трката за аматери на 2.500 метри првото место го освои Дарко Поп Ацев.

На маратонот, кој од оваа година доби меѓународен карактер, учествуваа 80 пливачи од Турција, Косово, Бугарија и од Северна Македонија. /МИА

притисни ентер