Пендаровски во Шуто Оризари: Сите заедно да го славиме Меѓународниот ден на Ромите во европска држава!

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат на граѓаните и на 30 политички партии денеска, на Меѓународниот ден на Ромите беше на трибина во Шуто Оризари. 

Тој посочи дека четирите лидери на партиите на Ромите во земјава за прв пат се заедно, обединети за една идеја, сите заедно даваат поддршка на оваа опција и на бројот 3 на претседателските избори.

„Да ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите. Јасно и гласно ќе кажам, политичарите не смеат да говорат за ромските права само на Денот на Ромите. Треба секој ден да водиме грижа за правата и подобар живот на Ромите, на помалите етнички заедници, на сите граѓани", рече Пендаровски.

Пендаровски посочи дека пред две години, дојде една нова генерација политичари, меѓу кои е и тој, кои не се оптоварени со вера и разлики. Најважна вера, рече, ни е иднината на Република Северна Македонија.

„Во јуни, доколку се продолжи со реформското темпо, очекуваме датум за почеток на преговори. Ова ќе значи прогрес, напредок, подобар живот, нови работни места и заедно да чекориме по патот кон кој тргнавме„ додаде Пендаровски.

Пендаровски побара поддршка и повика на заедништво, а на 21 април гласот за бројот 3 значи глас за победа и подобро утре за сите.

Костадиновска-Стојчевска: Танцот со својата креативност ја афирмира македонската култура

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска го честита Светскиот ден на танцот, денот кога танцот се слави како моќ на човечкиот дух, на уметничкото творештво и на значењето на танцовата сцена во обликувањето на модерната уметност.

„Министерството за култура го потврдува својот придонес кон сцената и останува партнер во афирмацијата на македонскиот танцов идентитет“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска, додавајќи дека танцот како креативна универзална уметност ја одразува и ја промовира македонската култура која има значајна историја на танци низ чие постоење се рушеле предрасуди и ограничувања.

Министерката Костадиновска-Стојчевска изрази уверување дека заедничките проекти го унапредуваат културниот дијалог и ја носат слободата на уметноста.

Дафина Стојаноска: Теарце е македонски непокор

Вчера, заедно со носителката на листата во ИЕ 6 од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во посета на Теарце беа и техничките министри Панче Тошковски и Ѓоко Велковски. 

Остварија средби со жителите кои добија ветер во грб и беа задоволни од тоа што имаа можност да разговараат за нивната живеачка и опстанок во овие краишта. Тие биле и се македонскиот непокор. Остануваат во родните краишта, но овојпат очекуваат многу поголема поддршка од централната власт, бидејќи оваа сосема ги заборави.

Дизелот и Еуросупер БС 98 поевтинуваат за 0,5 денари

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денaри по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС 98 ќе биде 89,50 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се продава за 75,50, а Екстра лесното масло 1 (ЕЛ-1) за 75,50 денари.

За 2,107 денари поскапува Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе лини 46,661 денари.

притисни ентер