Дали Иванов ќе посегне по нова аболиција, овој пат за 27 април?

Дали актулениот претседател Ѓорѓе Иванов на крајот од својот мандат може да посегне по ново помилување, со кое ќе ги ослободи обвинетите за 27 април? 

Од Кабинетот на претседателот Иванов потврдуваат дека во петокот, во попладневните часови пристигнало уште едно од повеќето барања за помилување на дел од неправосилно осудените за упадот во Собранието од 27ми април поднеле молби за амнестија.. Кој го поднел и колку барања вкупно се пристигнати, во штуриот одговор од Кабинетот, одговор нема..

Информацијата се прошири викендов откако новинарот Зоран Божиновски на социјалните мрежи најпрво сподели сознанија, а потоа и образец за кој тврди дека го користеле блиските на Чавков, Митко Пешов, Душко Лазарв и уште 12 други обвинети, но според содржината на петицијата наводно во неа не е опфатен Александар Василевски - Нинџа.

Во дел од образложението стои дека во Македонија владее политички прогон, омаловажување и тотална дискриминација на осудените за случајот од 27ми април.

- Нашите најдраги се киднапирани од власта и незаконски се држат во притвор, врз основа на лажни службени белешки или пак врз основа на голо необразложено барање за притвор. Ви се обраќаме со петиција да го искористите својот авторитет и интегритет и веднаш согласно Вашите уставни и законски ингеренции да ставите крај на ваквото беззаконие и крајно шиканирачко однесување од страна на злосторничкото здружување на поединци.

Од претседателскиот Кабинет не откриваат какви се намерите на Претседателот и како ќе постапи со молбите.. Инаку, според законот за помилување во оваа фаза од постапката за 27ми април претседателот самостојно нема можност да ги помилува осудените. Блиските и роднините може да поднесат молби само откако пресудите ќе станат правосилни, а дотогаш можно е помилување само по предлог на Министерството за права. Од таму велат дека досега до министерството не е пристигната иницијатива за помилување.

Премиерот Заев неодамна кажа дека заврши времето за амнестии, а и да сака претседателот Иванов нема можност за тоа.

Последната аболиција Иванов ја направи во 2016та, кога објави одлуки за прекин на гонењето на сите случаи покренати од СЈО, но по жестоките реакции во јавноста истите ги повлече. Мандатот на Иванов завршува на 12 мај.

Чави по победата над Валенсија: Задоволен сум од нашиот став

Тренерот на Барселона, Чави изрази задоволство од триумфот (3:2) на неговиот тим синоќа против Валенсија во 33. коло на Шпанското фудбалско првенство.

- Не попречија скоковите на Валенсија. Овој тим практикува ваква игра, тоа е нивен клучен елемент. Ја имаа потребната подготовка и на тој начин создадоа четири-пет шанси. Среќен сум и задоволен од нашиот однос. Имавме индивидуални грешки, но демонстриравме добра организација во офанзива. На следните средби треба да играме посмирено, изјави Чави за „DAZN“.

Барселона со 73 бода се искачи на второто место во Ла Лига. Валенсија е осма во поредокот со 47 бодови. Лидер е Реал Мадрид со 84 бода.

До крајот на првенството остануваат уште пет кола.

Девет жртви во уривање на воен хеликоптер во Колумбија

Воен хеликоптер се урна во северна Колумбија при што загинаа сите девет патници во него, соопшти армијата на јужноамериканската земја.

Хеликоптерот Ми-17 се урнал во близина на градот Аренал дел Сур во департманот Боливар во северна Колумбија, соопшти војската.

- Жалам за смртта на деветмината војници во воениот хеликоптер што требаше да ги снабди војниците во борбата против кланот дел Голфо на југот на Боливар, напиша колумбискиот претседател Густаво Петро на Х.

Кланот дел Голфо (Заливски клан) е најмоќната криминална организација во Колумбија. Криминалниот синдикат ги регрутира своите членови главно од поранешните десничарски паравојски и се претпоставува дека има околу 6.000 вооружени мажи.

Покрај трговијата со дрога, организацијата се занимава со илегални ископувања и рекет за заштита и е одговорна за бројни убиства и одземање на имот. Минатата година, поранешниот шеф на картелот, Даиро Антонио Усуга, попознат како Отониел, беше осуден на 45 години затвор во САД.

Санкционирани 125 возачи во Скопје

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење..

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 125 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 16 санкции, 15 мерки за непочитување на брзината на движење, осум мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.

притисни ентер