Заев и Пендаровски од Чаир: Нашата сила е сплотени, нашата иднина се НАТО и ЕУ, затоа, масовно на гласање и Заедно Напред!

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев и канидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски денеска зборуваа на трибина со граѓаните на скопската општина Чаир. 

Пораките и на премиерот Заев и претседателскиот кандидат Пендаровски, и на граѓаните, ја потврдуваат клучната заложба на Стево Пендаровски, да продолжи изградбата Едно општество за сите и интеграцијата на земјава во НАТО и ЕУ, како и дека е тоа можно само Заедно Напред.

"Здраво, Mirdita", доаѓам во мојата опптина и во моето маало, го почна обраќањето во Чаир кандидатот за претседател Пендаровски, што беше проследено со аплауз од присутните.

-Да гласаме за држава членка на ЕУ и НАТО, дел од современиот развиен свет, оваа држава само вака може да просперира. И сите да имаат исти права. Или сите ќе имаме исти права, или нема среќа за никој од нас. Немојте да дадеме шанса на концепти погубни за нашата држава, повика претседателскиот кандидат Пендаровски.

Премиерот и претседател на СДСМ порача дека "мултиетнички Чаир е пример за убавината на мултиетничка држава".

Премиерот и претседател на СДСМ, Заев, додаде дека иднината на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, на сите други етнички заедници во државата, е во заедничкиот живот.

-Треба да се гордееме со нашите различности. Сега кога изградивме едно општество за сите, кога сме пред вратите на НАТО и на ЕУ, ни треба претседател да 'не води и да и помогне на оваа држава, порача премиерот и претседател на СДСМ, Заев, кој додаде дека само заедно, сплотени, можеме Напред.

Претседателот на СДСМ и премиер Заев дополни дека економските придобивки од интеграциските процеси ги чувствуваат сите граѓани независно од различностите, дека напредокот е почнат и дека сите граѓани, за својата иднина и за иднината на своите деца, имаат обврска да овозможат тој напредок да продолжи.

Тој повика на здружено, сплотено, масовно гласање.

-Апелирам да продолжиме заедно, да се гордеат со нас и деца и внуци, да го избереме заедно претседателот на државата, Стево Пендаровски,

повика на трибината во Чаир, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Силен земјотрес во Србија

Силен земјотрес Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во 07:42 часот во Кладовскиот регион, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на Србија.

Теоретскиот интензитет во епицентарот е проценет на VI степен од Меркалиевата скала.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека земјотресот е почувствуван во Зајечар, Неготин, Доњи Милановац, Бор,Белград како и во други градови во источна Србија, а некои велат дека е почувствуван и во Ниш.

Земјотреси со ваков интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објекти во епицентралното подрачје, се наведува на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.

Повторно еруптира вулканот Маунт Руанг во Индонезија, наредена евакуација

 Вулканот Маунт Руанг во Индонезија денеска повторно еруптираше, поради што властите го подигнаа нивото на тревога на највисоко ниво и наредија итна евакуација во радиус од шест километри.

Ерупцијата на Маунт Руанг, кој се наоѓа во провинцијата Северен Сулавеси, предизвика облаци од пепел и чад во висина од 2.000 метри, соопшти геолошката агенција на Индонезија.

Агенцијата ги повика жителите во погодените области да ги следат наредбите за евакуација и да носат маски за заштита од пепел.

Последната ерупција следува по зголемената вулканска активност која почна во средината на април.

Индонезиските власти претходно издадоа предупредување за цунами и го подигнаа нивото на тревога за вулканот откако имаше повеќекратни големи ерупции, исфрлајќи пепел високи до висина од 3.000 метри.

Тие ерупции ги натераа воздухопловните власти да го затворат аеродромот Сем Ратуланги во Манадо, кој се наоѓа на околу 100 километри од вулканот, за да ги заштитат летовите од опасната вулканска пепел.

Вулканот висок 725 метри е еден од најактивните во Индонезија. Последната голема ерупција на Маунт Руанг се случи во 2002 година, генерирајќи пирокластични текови кои предизвикаа штета на околината.

Во Индонезија, сместена на Пацифичкиот „Огнен прстен“, често има сеизмичка и вулканска активност.

Вработените во Фондот за здравство утре излегуваат на протест

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест.

Причина за незадоволството кај работниците велат дека е неусогласувањето на платите со растот на минималецот, а бараат и разрешување на управниот одбор на Фондот. Дополнително, бараат да се донесе и вредносен бод, за да се зачуваат тие плати што ги имаат. Велат дека се разочарани од односот на управниот одбор на Фондот, бидејќи членовите според нив, не сакале да изгласаат порамнување на платата.

притисни ентер