Мицкоски: Иден претседател е Гордана Силјановска Давкова

Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје.

Денеска сме овде во Прилеп на овој голем христијански празник Благовец каде што православните христијани чествуваат, слават именден на сите они кои што денеска им е именден им посакувам вечно име многу здравје, среќа, успеси за нив, за нивните семејства се разбира, но и на сите оние православни верници кои што денеска го слават овој ден би сакал да им го честитам и да им посакам многу здравје, среќа, бериќет и успеси на нив и на нивните семејства.

Потоа продолжуваме во југоисточна Македонија, денеска сме во делот на Струмичко, делот на Радовишко, продолжуваме со претседателската кампања она што можам да го кажам е дека се чувствува победничка атмосфера во Република Македонија, насекаде ја чувствуваме енергијата на нашите сограѓани дека иден претседател на Република Македонија е Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова и ќе му оставиме можност на претседателот на владата господинот Заев еднаш да си го одржи зборот и да распише предвремени парламентарни избори.

Вчера бев сведоци на еден нервозен реалити стенд ап настан на претседателот на владата господинот Заев, бидејќи и он е свесен дека ситуацијата не е онаа иста како што беше пред две три години кога успеваше на помалку комичен начин со своите лаги да разговара со граѓаните во Република Македонија.

Но, годините потоа граѓаните на Република Македонија видоа со каков човек имаат работа дека станува збор за човек кој што освен распродажба на националното достоинство, националната чест се служи многу со лаги иманипулации и тоа е насекаде очигледно.

Ја пропушти можноста во Битола да се извини за сите оние неправди кои што СДСМ во минатото од времето на транзицијата им ги приреди на Битолчани. Се надевам дека во деновите кои што следат ќе успее да собери малку храброст и доблест и да им се извини на граѓаните во Република Македонија за сите оние лаги и неправди кои што им се случија изминатите две години, а ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи. ВМРО-ДПМНЕ е народна партија, ВМРО-ДПМНЕ е меѓу граѓаните разговара и сето она кое што го слушаме од граѓаните ќе дадеме се од себе да на следните парламентарни избори ја подготвиме најобемната и програма која што има најголем број решенија за реалните проблеми на нашите граѓани.

Но, најпрвин ајде заедно со најголемата коалиција во Република Македонија, а тоа е коалицијата со народот да победиме на 21 април и на 5 мај па дури потоа ќе му думаме како и кога ќе бидат предвремените парламентарни избори.

Долгата приказна накратко Зоран Заев е нервозен, Зоран Заев и неговиот деспотски избран кандидат знаат дека ја немаат довербата кај граѓаните, се заканува, препелка, уценува, притиска, ги користи безмилосно државните ресурси, но и сето тоа му е попусто, сите нив на купче народот заедно со опозицијата ќе го порази на 21- април а потоа тоа ќе го потврдиме и на 5 мај. /МИА

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер