Силјановска во Ѓорче Петров: Далеку сме од европското сонце ако имаме селективна правда

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, денеска пред граѓаните на скопската општина Ѓорче Петров порача дека европските вредности треба да ги градиме најпрво дома.

За неа, бескрајната транзиција мора да заврши и мора да почнеме, како што рече, со демократска консолидација, а тоа значи стабилни институции и процес на одлучување внатре, во Парламентот и во Владата, а не надвор во некои неформални тела.

Според неа, ние овде треба да ја препознаеме Европската унија, и за тоа не е доволно, како што рече само да склучите Преспански договор, ниту да го смените Уставот, бидејќи тоа ќе ја подотвори уште малку портата, ама вие надвор се уште ќе чекате.

– Тие мислат дека ако го донеле законот за јавно обвинителство, ние ќе сме ги почнеле преговорите. Јас тоа го нареков правен илузионизам. Можете вие да хармонизирате регулатива со ЕУ колку сакате, меѓутоа, далеку е европското сонце, ако овде имате селективна правда, ако имате реваншизам, ако само луѓето од опозицијата се пред судовите, ако никој не слуша што вели народниот правобранител, ако не се гледаат пораките за економијата, корупција, криминал, тоа не е европска слика, туку балканска слика која мора да се смени со луѓе со европски дух, и европски идеали, а тие се право и правда, а не реал политика, посочи Силјановска.

Силјановска рече дека правото на самоопределување е задолжително право, и никој тоа право не може да го негира, ниту да го одземе, а тоа право, истакна таа, не постои без правото на името.

– Ние нема со пукање, нема ние со битки да биеме нови боеви, туку ќе посегнеме по правото во името на правдата и се што е надвор од меѓународното задолжително право и од Уставот, е проблематично и нема да остане вечно. Тоа мора да биде сменето на правен начин, порача Силјановска пред жителите на Ѓорче Петров.

Според неа, и заложбите на нашите предци биле правдата и правдините, што се споменува и во химната, и ниту еден политичар, како што рече, не смее да го крши законот за химната, со нејзино неинтонирање.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер