Грчките медиуми за интервјуто на Ципрас за МИА и посетата на Северна Македонија

Во извештаите за патувањето на Алексис Ципрас во Северна Македонија грчките медиуми акцентот го ставаат на големата делегација со која тој пристигна во Скопје, големиот број министри и бизнисмени кои го придружуваат.

Во извештаите за патувањето на Алексис Ципрас во Северна Македонија грчките медиуми акцентот го ставаат на големата делегација со која тој пристигна во Скопје, големиот број министри и бизнисмени кои го придружуваат, на пораките што ги испрати преку интервјуто за МИА, но и на историското значење на посетата, прва на еден претседател на грчка Влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Интервјуто на грчкиот премиер Алексис Ципрас за МИА, вчера беше една од главните теми во Грција задно со денешната посета на Северна Македонија.

Електронските изданија на медиумите, пренесувајќи го ексклузивното интервју на Ципрас, акцентот го ставија на политичката цена, на прашањето на МИА за вратоврската од Заев, но и на договорите што се планира да се потпишат во Скопје.

„Ципрас за МИА: Договорот од Преспа имаше политичка цена"; „Премиерот во Скопје- целта е зајакнување на билатералните односи"; „Ципрас: Договорот од Преспа, донесе политичка цена"; „Ципрас: Што направив со вратоврската што ми ја даде Заев"; „Ципрас со пола влада во Скопје"; „Со четири договори Ципрас денес во Скопје"; Ципрас до Северна Македонија: Историска посета за градење заемна доверба и соработка"; „Ципрас во Скопје со 120 бизнисмени и пола влада", се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми.

-Премиерот Алексис Ципрас за историска ја карактеризира неговата посета на Северна Македонија, прва официјална на грчки премиер на Скопје, во неговото интервју за новинската агенција МИА од соседната земја, а обраќајќи се до народот на соседната земја праќа порака за градење на заемна доверба, пишува грчката новинска агенција АНА-МПА, на почетокот на текстот, под наслов „Алексис Ципрас: Посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји", текст преземен од голем број на други медиуми во Грција.

Посетата на Ципрас, заедно со пораките што ги испрати говорејќи за МИА, се најдоа на дел од насловните страници на денешните изданија на грчките весници.

„100 бизнисмени „го купуваат" Скопје" е централниот наслов на весникот „Етнос" за посетата на Ципрас на Северна Македонија, со акцентот ставен на 10-те министри и 120-те бизнисмени кои патуваат со грчкиот премиер, како и на спогодбите што ќе се потпишат.

Весникот „Катимерини" објави дека освен претставници на грчките комори, во Скопје со Ципрас пристигнуваат и директори на големи грчки компании од различни области.

Голем дел од медиумите во Грција, пред сѐ грчките телевизии, во Скопје испратија новинари кои одблиску ќе ги следат посетата на Ципрас на Северна Македонија. Со јавувања во живо, како за синоќешните централни изданија на вестите, така и во утринските информативни емисии известуваат за агендата на средби и активности на Ципрас во Скопје, но и објаснуваат зошто станува збор за историска средба.

Во синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, иако главната и централна тема беа изборите во Турција, сепак преку јавувања во живо од Скопје беа пренесени пораките на Ципрас, агендата на средби и темите за кои ќе разговара.

Грчката државна телевизија ЕРТ во живо го пренесе пристигнувањето на Ципрас на скопскиот аеродром, како и пречекот пред влада, а предвидено е да ги пренесува и другите активности на грчкиот премиер за време на првата официјална посета на Северна Македонија.

Според грчките медиуми, заедно со Ципрас, министрите и бизнисмените, во Скопје пристигнува и неговата партнерка Бети Базана, која ќе има посебна програма со сопругата на премиерот Заев, Зорица Заева. /МИА

Скопјанец и двајца штипјани нападнати во угостителски објект во Кавадарци

Скопјанец рано утринава пријавил дека со двајца штипјани биле физички нападнати во угостителски објект во Кавадарци, информираат од СВР - Велес.

- Во 04.40 часот во ОВР Кавадарци, Т.Ц., 22-годишен скопјанец, пријавил дека пред и во угостителски објект во градот, тој и Н.Н., на возраст од 24 години и Ф.А., на 25-годишна возраст, двајцата од Штип, биле физички нападнати од неколку машки лица, појаснуваат од СВР - Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Русија најави вежби на тактичките нуклеарни сили

Русија ќе спроведе вежба на своите тактички нуклеарни сили по наредба на претседателот Владимир Путин, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва.

Во соопштението не се наведува дали проектилите ќе бидат опремени со нуклеарни боеви глави. Русија претходно спроведуваше обука на нуклеарни сили без нуклеарни боеви глави, потсетува ДПА.

- Како дел од вежбата ќе бидат спроведени низа активности за вежбање на подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти руското Министерство за одбрана.

Засега е нејасно кога и каде точно ќе почне вежбата во која се вклучени јужниот одбранбен округ и поморските сили.

Руската војска во октомври истрела две интерконтинентални ракети и неколку крстаречки ракети за обука и одвраќање. Вежбата, која ја најави, ја оправда со наводни „провокативни изјави и закани од поединечни западни функционери против Руската Федерација“.

Од почетокот на нејзината војна против Украина пред повеќе од две години, руските претставници постојано се обидуваа да ја тестираат меѓународната поддршка за Киев со поттикнување стравувања од нуклеарна војна.

Ристески: Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт

Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, особен фокус во работењето ќе стави на правосудниот систем и борбата против корупцијата.

Судството ќе биде целосно ослободено од извршната власт. Ќе спроведеме политики за расчистување со судирот на интереси во правосудството, присутниот непотизам, партизацијата и кронизмот. Кандидатите за судии и кандидатите за претседатели на судовите ќе се рангираат по законски критериуми. Ќе ги регулираме и постапките за преземање и префрлање на судиите во другите судови.

Предвидуваме нова програма за испитување на исполнетоста на условите на професионалните и образовните критериуми за избор на судии. Ќе спроведеме целосна ревизија на приемот на кадидати на Академијата за судии и јавни обвинители.

Предвидуваме распуштање и целосна реформа на судскиот совет кој се покажа досега како ранлив од надворешни влијанија.

Ќе следува проверка на имотот на судиите и обвинителите.

Предвидуваме немилосрдна борба со корупцијата на секое ниво за што ќе биде формирано владино координативно тело против корупцијата, а преку реформи ќе имаме силен и ефикасен државен завод за ревизија. Ќе воведеме механизам преку кој ќе има зголемени санкции против функционерите, а преку посебна мерка ќе имаме нула корупција во јавните набавки.

Почитувани, ова се само мал дел од проектите за подобар правосуден систем и борба против корупцијата. На 8-ми мај, со заокружување на број 2 за листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и број 2 за Гордана Силјановска Давкова, ќе ставиме крај на хаосот и безредието кој владата предводена од СДС и ДУИ ги остави. Број 2 за достоинствена и горда Македонија.

Прес конференција на кандидатот за пратеник Петар Ристески.

притисни ентер