Споделено родителско отсуство ќе овозможи поголема родова рамноправност на жените

Воведување споределно родителско отсуство, без притоа мајките да го изгубат стекнатото право на отсуство од девет месеци, со еден месец за должително отсуство за мажите предлагаат од Реактор – Истражување. 

Оттаму сметаат дека со ова ќе зголеми родовата еднаквост, ќе се намали дискриминацијата на жените на пазарот на труд, но и ќе се овозможи и мајките и таковците да се вклучат во грижата за детето од најрана возраст. Од Министерството за труд и социјална политика се согласуваат дека е потребен нов модел, но посочуваат дека за него треба да има согласност од сите засегнати страни.

Од Реактор велат дека постојниот модел кој право на родителско отстсуво на мајката, а можност таткото да користи само доколку мајката се откаже од сопственото право е многу застарен модел. Во светски рамки, велат, во последните две децении интензивно се применува модел на мајчинско, татковско и споделено родителско отсуство.

– Тестиравме модел кој предвидува на постојните права на жените од девет месеци мајчинско породилно отсуство, да се додаде еден задолжителен месец за таткото, кој би го користел виднаш по раѓањето, а дополнителни три кои би влегле како родителско отсуство, кои може да ги користи другиот родител односно таткото, но доколку не се искористат не можат да се префрлат на другиот родител односно на мајката, значи би се изгубиле, рече Марија Башевска, претседател на Реактор пред почетокот на панел дискусијата „Споделено родителско отсуство – Зошто е важно, најдобри практики и искуства".

Таа додаде дека ваквиот модел би имал подолгорочни позитивни ефекти за подобрување на економската положба на жените на пазарот на труд, што би значело и намалување на родовите јазови што постојат во однос на вработеноста, платите пензиите, намалувње на дискриминација на жените на пазарот на труд поради нивната репродуктивна улога, но би влијаело позитивно и на демографската слика на нашата земја.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека оваа панел дискусија е дел од серијата разговори со сите социјални партнери во однос на изработката на новиот закон за работни односи, од кои дел треба да биде и родителското отсуство. Таа се согласува дека ово модел е помалку ригиден иако во минатото се правеле обиди родителското отсуство да биде флексибилно и тоа никако не било постигнато. Но за нов модел, додаде, треба да се согласат сите засегнати страни.

-Така сé уште имаме еден ригиден закон во кој мајката го остварува и стекнува правото, а таткото може да го искористи до колку таа се откаже. Со тоа ги спречуваме татковците да имаат сопствено право на родителско отсуство и присуство со детето во првиот период по раѓањето, рече таа.

Додаде дека треба да се разгледат меѓународните истражувања и пракси со цел да се усогласат овие права меѓу двајцата росители и со тоа да се обезбеди можност и двајцата да учествуваат во растот и развојот на детето.

– Ние како МТСП имаме почетни позиции, но сакаме да чуеме и предлози и по сите ќе дискутираме. Важно е сите засегнати страни да се усогласат околу нов флексибилен модел за да можат родителите да го споделат правото на родителско отсуство, рече Царовска

Според неа, на ваков начин, државата ќе покаже дека ја почитува родовата рамноправност и се грижи преку ваков тип флексибилни мерки да го унапреди наталитетот, без намалување на женските права. /МИА

Бујар Османи во „Само Интервју“

Дами и господа, утре во Само Интервју ќе гостува Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и се уште актуелен министер за надворешни работи... 

Ќе биде ли пирова победата на Европскиот фронт, кој освои 30.000 гласа повеќе од Вреди?

Кој ќе ја бара Мала Речица на гугл мапс, а кој Идризово? Дали кексите и млекото ќе му преседнат на Али Ахмети?

Ќе се помири ли ДУИ со одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да прави коалиција со албанската опозиција, или ќе се бараат „чизмите по таваните“?

Има ли или нема потпишан договор помеѓу Вреди и ДУИ за уставните измени? Кои се алтернативите за францускиот предлог, и што доколку и новата влада како и Сиљановска не користи „Северна“...

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува Бујар Османи, по вестите во 18 часот.

Драма во САД: Уште еден брод се заби во мост, блокиран е сообраќајот (ВИДЕО)

Во Галвстон, Тексас, речен брод удри во мост.

Според извештаите, бродот удрил во мостот на островот Пеликан, предизвикувајќи полицијата и другите служби за итни случаи веднаш да го блокираат целиот сообраќај, јавува Click2Houston.

Засега не се познати деталите за инцидентот, па не е јасно како дошло до судирот, ниту што му претходело. Не се знае дали има повредени или во каква состојба е мостот.

Претставниците на Галвстон рекоа само дека шлеп удрил во мостот, што предизвикало истекување на нафта.

Крајбрежната стража е повикана да помогне во спречувањето на излевањето на нафтата, а инженерите на TxDot се на терен за да помогнат.

Да потсетиме, на крајот на март во Балтимор, брод удри во мостот и го урна, а во таа прилика загинаа шест работници кои работеа на одржување на мостот.

Камионите се пренасочуваат од Блаце- има проблем со терминалот

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце .

На 15.05.2024 година во 18.30 часот од страна БПС започнато е со пренасочување на товарниот сообраќај кон ГП Долно Блаце заради проблем со терминалот на Македонска царина на ГП Блаце.

Товарниот сообраќај ќе биде пренасочен се додекa не се надминe проблемот, соопшти АМСМ.

притисни ентер