Заврши десеттиот „Робомак 2019"

 Со финален натпревар во шест различни категории заврши десеттиот „Робомак 2019", во рамки на Неделата на роботиката, што ја организираа студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

 На натпреварот во Домот на АРМ биле квалификувани 22 од вкупно 29 екипи, соопштуваат од ФЕИТ.

Победници на Робомак 2019 во различни категории се: за „Robotic arm" – Благој Христов и Владимир Илиќ од ФЕИТ, „Maze"- Растко Тодоровиќ и Никола Бранковиќ од ФТН, Нови Сад, „Line follower"- Лука Адамовиќ и Јелена Лалиќ од ЕТФ, Белград, „AI football"- Игор Наумовски, Симеон Трендов и Здравко Тодоров (ФЕИТ), „Sphero"- Михаило Ристиќ и Софија Петровиќ (ЕТФ, Белград), „Sumo"- Андреј Биковски и Борис Стевановски (ФЕИТ).

За студентот Сања Цветковиќ, дел од организацискиот тим на Робомак и член на Студентски огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ (Институт на инженери по електротехника и електроника), огромно е задоволството да се биде дел од ваков сериозен настан.

– Учесниците напорно работеа цела недела, речиси 12 часа дневно, но сето тоа беше многу интересно затоа што имаше многу дружење, работа и активности. Многу ми е мило што Робомак станува традиција, што ќе продолжи да се негува и надградува секоја година, вели Цветковиќ.

ФЕИТ организираше Недела на роботиката по повод 10 години организација на Робомак – меѓународниот натпревар по роботика и вештачка интелигенција и 60 години од основањето на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" – Скопје. 

Ламборџини не е веќе на врвот на уличните суперболиди (ВИДЕО)

Ламборџини веќе не е сопственик на рекордот на патеката во германскиот Хокенхајм , а титулата му припадна на најлутиот конкурент.

Се разбира , тоа е Ферари. Го победи суперспортскиот болид Aventador SVJ на Ламборџини , и тоа не само на патеката во Хокенхајм , туку и на онаа во Нирнберг.

Ферари во верзијата Писта побрз беше за 1,4 секунди со време од 1:45.9 и со тоа време се приближи до она на тркачките болиди. Верзијата Писта ја движи 3.9 литарски твин турбо V8 мотор со 720 Кс и 770 Нм .

За соборување на рекордот на Ламборџини е заслужен и возачот Кристијан Гебхарт.

Пајак во Австралија улови и изеде опосум (ВИДЕО)

Страшни фотографии објави Џастин латон , кои ги снимил нејзиниот сопруг , а на нив се гледа како огромен пајак лови и јаде опосум , вид мал торбар што личи на стаорец.

Во Националниот парк Маунт Филд на Тасманија сопругот на Џастин Латон снимил неверојатна борба. За научниците станува збор за навистина редок феномен.

Големите пајаци кои живеат во Австралија и на Тасманија знаат да изедат мало пиле , жаба или влекач , но не и опосум. Опосумот има тело долго од 5 до 11 сантиметри со тежина од 7 до 43 грама.

Видот опосуми што на снимката се гледа како жртва на пајакот е од поголемите , кои достигнуваат до 11 сантиметри должина и од 15 до 43 грама тежина.

Во 2016 Австралиец од државата Квинсленд сними кај него дома слично шокантно видео- пајак кој преку фрижидерот во неговиот дом носи глушец.

Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер