По 23-ти пат годинава избор на најуспешни 10 менаџерки

Традиционалната манифестација „Избор на најуспешни жени менаџери" годинава ќе се одржи на 28 март. 

Дваесет и трети пат ќе бидат прогласени најуспешните 10 жени менаџерки за 2018 година.

Во годинашниот избор во топ 10-те најуспешни менаџерки, како што информира агенцијата „Марили" која е организатор на манифестацијата, е и првата жена полковник, командант на Воено-медицински центар – Скопје, Ирена Минева. Останатите лауреатки се од приватниот сектор, од компании од различни области и дејности и најчесто се препорачани од нивните деловни колеги и партнери.

Годинашни лауреатки се: Даниела Адемоска, сопственик и генерален менаџер во Double Tree by Hilton – Скопје, Наташа Ангеловска, генерален менаџер на Тродат-Тромак – Скопје, Маја Ацески, продукциски и извршен менаџер на „Златекс" – Скопје, Ивана Ѓоргиевска Матевска, оперативен директор на ХАСЕЛТ – Скопје, Марија Секуловска Митревска, генерален менаџер на „Бага Фоод" – Битола, Даниела Карадаков, директор на Бизнис-академија Смилевски (БАС) – Скопје, Јасна Ажиевска Петрушева, административен извршен директор на Мермерен комбинат АД Прилеп – Прилеп, Викторија Рафајловска, генерален менаџер на „Викторија Боб ДОО" – Гостивар и Нина Шерифовска, извршен директор на „Парк резиденс" – Скопје и 10 Ирена Минева, полковник – командант на Воено-медицински центар – Скопје, АРМ.

Манифестацијата ја афирмира жената во бизнисот како успешен менаџер и го потврдува развојот на женското менаџерство во оваа долга традиција, а истовремено претставува и поттик за младите генерации образовани жени.

Агенцијата „Марили" и годинава петти пат ќе го организира тематскиот ден „Дама-да-Здравјето и убавината во функција на современата жена".

Тематскиот ден под слоганот „Дама-да-Донира" ќе се одржи на 30 март во Домот на АРМ и годинава има хуманитарен карактер. Средствата од секоја купена влезница за тематскиот ден ќе бидат наменети за Специјалниот завод во Демир Капија, што е поддржано од Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.

Во рамки на тематскиот ден планирани се бројни предавања од медицина, фармација, дерматологија, козметологија, здрава исхрана, родителство, како и работилници за кариера, личен развој и бизнис-психологија. На настанот ќе се одржат и дебати за современиот животен стил и трансформацијата на жената преку модата. /МИА

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за 4,6 милијарди евра до 2030 година

Шведска треба да го зголеми воениот буџет за речиси 54 милијарди круни (4,6 милијарди евра) до 2030 година за да ја зајакне противвоздушната одбрана и да го зголеми бројот на регрути, препорача Комитетот за одбрана на шведскиот Парламент.

Комитетот, составен од претставници на осум парламентарни партии, наведува дека членството во НАТО и сериозната безбедносна состојба бараат поголеми амбиции. Шведска стана членка на НАТО минатиот месец, напуштајќи ја децениската политика на воена неутралност по руската инвазија врз Украина.

Напад врз Шведска или врз нашите сојузници не може да се исклучи, истакна Комитетот во денеска објавениот извештај.

Во документот, иста така се истакнува дека шведската противвоздушна одбрана мора да се прошири за да одговори на заканите со беспилотни летала, оти треба да се набават повеќе крстосувачки ракети, а морнарицата треба да добие повеќе персонал. Исто така, се предлага постепено зголемување на бројот на регрути од сегашните 8.000 на 12.000 до 2032 година. /МИА

Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп

Пет клучни донатори инвестирале повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Доналд Трамп.

Тимоти Мелон, наследник на банкарското семејство Мелон, од 2022 година инвестираше најмалку 16,5 милиони долари во организацијата „Мага“ блиска до Трамп. Тој исто така има инвестирано најмалку 20 милиони долари во организацијата за време на претседателските избори во САД во 2020 година.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

„Форбс“ го проценува богатството на Мелон на 14,1 милијарди долари, а познато е дека тој инвестирал и најмалку 20 милиони долари во кандидатурата на Роберт Кенеди за претседател на САД.

Брачниот пар Исак и Лара Перлмутер во актуелната кампања на Трамп инвестирале повеќе од 10 милиони долари, а во 2020 година во неговата кандидатура вложиле 21 милион долари.

Трета на листата е претприемачката Линда Мекмахон, која донираше повеќе од 10 милиони долари на Трамп овој изборен циклус, а во 2019 и 2020 година инвестираше повеќе од 15 милиони долари.

Успешниот хотелиер Роберт Бигелоу во овој изборен циклус вложил девет милиони долари во организацијата „Мага“, а вети дека ќе вложи вкупно 20 милиони долари.

Додека Патриша Дуган во сегашната кандидатура на Трамп инвестираше повеќе од пет милиони долари, а претходно таа и нејзиниот поранешен сопруг Роберт веќе инвестираа во кампањата на Трамп во 2020 година. /МИА

Анализа: Вештачката интелигенција силно ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија

Вештачката интелигенција (ВИ) во голема мера ќе влијае на 65 отсто од работните места во Белгија, според проценката на една од најголемите банки во земјата, објавена во локалните медиуми. 

Во текстот се наведува дека денес 3,3 милиони белгиски вработени работат во области директно поврзани со развојот на вештачката интелигенција.

Секој трет работник во Белгија има позитивни очекувања од распространувањето на вештачката интелигенција за подобрување на економијата во следните пет години, но 42 отсто стравуваат дека тоа ќе доведе до губење на работни места. Проценката покажува дека во една третина од работните места (1,6 милиони) денес, имплементацијата на вештачката интелигенција ќе помогне да се зголеми продуктивноста, но во 34 проценти (1,7 милиони) може да биде потребна целосна автоматизација.

Најпогодени се очекува да бидат вработени во администрацијата, каде најверојатно ќе има отпуштања, додека вештачката интелигенција ќе може да им помогне на директорите на компаниите, хирурзите и судиите без да ги смени. Досега, само 3 отсто од работниците во Белгија стравуваат дека ќе бидат погодени поради вештачката интелигенција во следните пет години, а најрелаксирани се хонорарците, покажуваат податоците. Според проценките, може да се очекува дека воведувањето на вештачката интелигенција ќе ја зголеми економијата за 0,1-0,5 отсто годишно.

Цитираните експерти прецизираат дека европското законодавство за вештачка интелигенција не и дава предност на ЕУ во однос на САД. Според нив, промените на европскиот пазар на труд ќе бидат постепени и може да се очекува појава на нови професии. /МИА

притисни ентер