Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба - Канал 5

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

Општина Центар е изненадена и разочарана од одлуката на Уставниот суд за укинување на мораториумот за градба и најавува дека нема да се откаже и ќе ги искористи сите правни можности.

Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба

– Како градоначалник, како Совет и како општина Центар сме изненадени, но и разочарани од одлуката што ја донесе Уставниот суд за времена мерка за укинување на т.н. мораториум за градба во општина Центар. Неизвршувањето на плановите, односно мораториумот беше во интерес на граѓаните и тие силно го поддржуваа и ја сфаќаме револтираноста и гневот кој го имаат по објавувањето на одлуката, рече на денешната прес-конференција градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Тој додаде дека реакциите на граѓаните по одлуката не престануваат и доаѓаат до нив, а се реагира и на социјалните медиуми.

Богдановиќ информира дека речиси година и пол интензивно работеле на измените на ДУП-овите и додаде оти мораториумот бил начин со кој ќе се спречи спроведување на лошите планови и веќе почнале да постигнуваат резултати. Минатата седница Советот на Општина Центар донесе два плана, „Мирче Мацан" и „Ново Маало".

-Ние не се откажуваме од мораториумот и ќе ги искористиме сите правни можности за да донесеме подобри, нови урбанистички планови што веќе се работат и поголем дел веќе се во крајна фаза на донесување. Во моментов со правниот тим на Општина Центар и со одредени стручни лица кои ги консултираме ги разгледуваме можностите кои ќе ни бидат на располагање откако официјално ќе ја добиеме одлуката. Ние одлука официјално немаме добиено, а оваа информација ја добивме од контактите со односи со јавност на Уставниот суд и тоа што излезе по медиумите, истакна Богдановиќ.

Најави дека откако ќа ја добијат официјално оваа одлука тогаш ќе го соопштат нивниот став. Тој апелираше Уставниот суд за 30 дена да ја преиспита својата одлука и да ги земе предвид новите ДУПови што се веќе донесени и, како што рече, се од придобивка за граѓаните. Апелираше и до коморите да ја повлечат иницијативата до Уставниот суд и да дозволат да спроведат измени кои ќе бидат во корист на сите градежници и граѓани.

Мораториумот за градба во Oпштина Центар е времено укинат, се додека Уставен суд не донесе одлука дали тој е законски донесен и во согласност со Уставот. Оваа одлука беше донесена на вчерашната седница на Уставниот суд, каде точка на дневен ред беше разгледување на иницијативата за уставноста и законитоста на мораториумот, поднесена од Градежната комора и Стопанската комора на севернозападна Македонија. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Исламската држава ѝ се закани на Албанија- државните институции добија дојави за поставени бомби

Јавни институции во Албанија добија дојави за поставени бомби.

Исламската држава ѝ се закани на Албанија- државните институции добија дојави за поставени бомби

Заканувачка порака во име на Исламската држава е испратена до е-пошта адресите на неколку институции.

Е-пошта со заканувачка и терористичка содржина, која стигнала до адресите на неколку институции низ Албанија, тврди дека во овие институции е поставена бомба, јавува дописник на РТЦГ.

Е-пошта примена од Топ ченел од Албанија, од адреса за која се сомнева дека е фалсификувана и доаѓа од универзитет во Аргентина, содржи закана дека „неверниците ќе бидат растргнати на парчиња, а потоа убиени“.

„Здраво, ова е Исламска држава. Со волјата на Алах, поставивме бомба во вашата зграда. Ќе експлодира за два часа. Потоа вие неверници ќе бидете растргнати на парчиња. Потоа ќе ве убиеме“, се наведува во е-поштата објавена од албанската телевизија Топ ченел.

Бројни полициски сили интервенираа во неколку градови. Антитерористичките единици ги евакуираа зградите на Специјалното тело за борба против организираниот криминал и корупцијата (СПАК) и на Високото обвинителство, кое исто така ја прими пораката.

Дирекцијата за истраги на кибер криминал, во соработка со Дирекцијата за борба против тероризмот и други агенции за спроведување на законот во Алба, започна истрага за да го идентификува авторот и да ја пронајде е-поштата од која биле испратени заканите, соопшти полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

Двајца пријатели починале додека планинареле во пустината во близина на Дубаи, на температури што достигнувале 50 степени Целзиусови, потврдено е на судско рочиште.

Починале Британци кои планинареле на +50 степени во пустината во близина на Дубаи

Спасувачките екипи ги пронашле телата на Аран Мартинсон (33) и Касиус Њутн (34) во планинската област Вади Накаб на 18 јули, пишува Би-Би-Си.

Починале од изложеност на екстремни температури

Отворајќи ја истрагата во Челмсфорд, Мишел Браун изјави дека прелиминарните причини за смртта се срцев и респираторен застој. Браун објасни дека за трагичниот исход придонеле и екстремно зголемување на телесната температура, откажување на органите и топлотен стрес предизвикан од изложеност на високи температури.

Двајцата мажи живееле во луксузното одморалиште Рас Ал Хаима, околу 120 километри северно од Дубаи, и тргнале на планинарење околу 7 часот наутро по локално време. Сопругата на Њутн, која била во Велика Британија, го пријавила како исчезнат откако тој не успеал да ја контактира по планинарењето, беше кажано во Крунскиот суд во Есекс.

„Тие беа на рекреативна патека“

„Се чини дека биле на рекреативна патека која не бара опрема за качување, што значи дека станува збор за пешачка патека“, рече Браун.

Пријателите беа пронајдени на две до три милји од нивното возило, а нивните тела беа оддалечени 1.150 стапки еден од друг. Њутн, аматерски фудбалер по потекло од Пул, и Мартинсон, татко на три деца, биле пронајдени како лежат на грб меѓу големи карпи. Тие биле однесени во болница во Рас Ал Хаима, каде што подоцна истиот ден била потврдена нивната смрт.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рекордно ниво на донации, корпорациите во САД сè повеќе ги финансираат изборите

Според организацијата за следење „Public Citizen“, американските корпорации донирале рекордни 646 милиони долари (555 милиони евра) на политичките партии во периодот од 18 месеци заклучно со јуни.

Рекордно ниво на донации, корпорациите во САД сè повеќе ги финансираат изборите

Ова е за 40 отсто повеќе од вкупниот износ потрошен за време на целиот изборен циклус за претседателските избори во 2024 година.

Меѓу компаниите што најмногу придонесоа за порастот на донациите се индустрискиот конгломерат „Koch Inc.“ и нови донатори, вклучувајќи ги и компаниите за онлајн спортско обложување.

Овие фирми донираа приближно 76 милиони долари (65,3 милиони евра) за кандидати од двете партии за меѓуизборите закажани за 3 ноември. Големи тутунски компании, како и производители на канабис, исто така донираа значителни суми, првенствено на републиканските кандидати.

„Public Citizen“ е група за застапување на потрошувачите основана во 1971 година од Ралф Надер. Тој се спротивставува на корпоративното финансирање на политичките кампањи.

Политичките донации од компаниите нагло се зголемија откако Врховниот суд ги укина ограничувањата во 2010 година и им дозволи на компаниите и богатите поединци да даваат неограничени донации. Од вкупно 1,7 милијарди долари (1,46 милијарди евра) што компаниите ги донираа за американските избори од тогаш, приближно една третина пристигна во тековниот изборен циклус.

„Public Citizen“ тврди дека таквото трошење им овозможува на групите од интерес непропорционално да влијаат на политиката, додека застапниците на Првиот амандман тврдат дека политичките донации треба да бидат заштитени како дел од демократскиот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер