Го навредуваше судијата и заработи уште шест години затвор (ВИДЕО)

Американец од Охајо доби дополнителни шест годиниз атворска казна зашто го навредуваше и м у викаше на судијата при изрекувањето на казната.

Менсон М. Брајант се вознемири поради пресудата од 22 години затвор , но доби уште шест години , откако му се развика на судијата и го нарече расист. Тој е осуден за кражби , киднапирање и носење скриено оружје .

Инцидентот се случил на 4 март , а вчера е објавена снимката. Пред да ја донесе конечната пресуда , судијата рекол дека Брајант покажува дека се чувствува виновен и затоа решил да му даде само 22 години , но откако ги слушнал навредите , се пишманил и му ја опдредил највисоката казна за неговите кривични дела.

Во Сибир пронајдена глава на волк стара 40 илјади години

Сочувана глава на волк од леденото доба, кој најверојатно починал пред 40.000 години, пронајдена е во Сибир.

Поради студот и мразот, остатоците се во одлична состојба, па може да се видат крзното, забите, мозокот и другите делови на главата.

Станува збор за животно од древен подвид на волци, што живееле во исто време со мамутите и изумреле во приближно ист период.

Научниците проценуваат дека станува збор за возрасен волк, кој бил за околу 25 отсто поголем од денешните просечни волци.

Од ебола во Конго починале 1400 луѓе

Светската здравствена организација(WHO)  смета дека нема потреба од прогласување на вонредна состојба во Демократска Република Конго поради болеста ебола од која за една година починале 1400 луѓе.

Од Комитетот за вонредни состојби на „ WHO“ наведуваат дека не се исполнети критериумите потребни за прогласување на глобална криза, но укажуваат дека се итно потребни 27 милиони долари за борба против епидемијата.

Деновиве епидемијата на ебола од која во Африка редовно умираат илјадници луѓе се проширила и во Уганда.

Во Уганда се регистрирани три случаи на ебола. Од последиците на болеста починало едно петгодишно дете.

Од последиците на вирусот ебола во периодот 2014 -2017 година во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне починале повеќе од 11000 луѓе а биле заразени 30 000 лица.

Видео: Што прави овој човек

Што прави овој атлета од Ниш, нешто што никој пред него не го направил. Изгледа навистина лудо и опасно. 

За едни неговиот потфат е за воодушевување, за други пак голема лудост .

На интернет се појави видео на кое може да се види како силно момче прави згибови на кров на Застава 128 додека таа се движи низ улиците на градот.

Момчето успеала во својата намера , откако металната конструкција за заварил за кровот на автомобилот и започнал да прави згибови.

притисни ентер