Бајден по грешка објави дека се кандидира за претседател на САД

Поранешниот потпретседател на САД , Џозеф Бајден , кој ја извршуваше оваа функција за време на мандатот на Барак Обама, ја објави својата кандидатура за претседател , па се извини.

Бајден објави дека ќе се кандидира за претседател на изборите во 2020 пред сопартијците во неговата држава Делавер , кога наеднаш се сепна и се повлече. ,, Кажано ми е дека ме критикува новата левица.Јас сум најквалификуван од сите кои се кандидираа. “ , рече Бајден за наеднаш да се сети што кажал и да се поправи.

Публиката стана на нозе и почна да му дофрлува да се кандидира со громогласен аплауз. Тогаш Бајден им одгвоори дека не мислел така.

До сега за изборите за претседател само од редовите на Демократите се пријавени 14 кандидати.

Египет испраќа делегација во Израел за да се обиде да постигне договор за примирје

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Египет испраќа делегација на високо ниво во Израел со надеж дека ќе постигне договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, истовремено предупредувајќи дека евентуалната нова израелска офанзива врз јужниот град Рафа на границата со Египет може да има катастрофални последици за регионалната стабилност, изјавија денеска двајца официјални претставници.

Претходно денеска, либанската милитантна група Хезболах истрела противтенковски ракети и артилериски гранати врз израелски воен конвој во спорна област долж границата, при што загина еден израелски цивил.

Претставници на палестинската болница вчера соопштија дека најмалку пет лица загинале во воздушни напади во Рафа.

Повеќе од половина од 2,3 милиони жители побарале засолниште во тој град. /МИА

Итна евакуација на две болници во Киев поради стравувања од руски напади

Градската државна на Киев извести дека итно евакуира две болници во Киев, од кои едната е детска болница, поради информациите за можен руски напад врз овие објекти, пренесува Украинска правда.

Во соопштението од Градската управа на Киев се наведува дека на интернет се споделува видео со најава за руски напад врз овие медицински установи бидејќи, наводно, внатре се (украински) војници, додавајќи дека „тоа е целосна лага и непријателска провокација која се користи за напад врз социјалната инфраструктура на главниот град на Украина“.

„Со цел да се заштитат болните деца, нивните родители и медицинскиот персонал, властите во Киев прават се што е можно да ги префрлат пациентите и медицинските лица во други медицински установи“, се истакнува во соопштението. /МИА

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј Пленковиќ денеска изјави дека и трет мандат ќе остане претседател на извршната власт, а на Зоран Милановиќ му порача дека повеќе не постои како претседател на Републиката.

Милановиќ како претседател на Републиката повеќе не постои … Тој го знае тоа, тоа го знаат сите експерти по уставно право. По овој тежок пораз и тој да си поднесе оставка, наведе Пленковиќ.

Тој оцени дека Милановиќ и лидерот на Социјалдемократската партија, Пеѓа Грбин требало веднаш да ја напуштат политиката на 17 април по поразот на изборите. /МИА

притисни ентер