Додека Вучиќ држи прес, демонстрантите се обидуваат да влезат во зградата (ВИДЕО )

Додека трае прес конференцијата на претседателот на Србија , Александар Вучиќ , стотици демонстранти се обидуваат да влезат во зградата .

Со повиците ,,Готове, готов е ! “ демонстрантите се обидуваат да влезат во зградата каде држи прес мконференција претседателот Вучиќ . Полициските специјалци ги спречуваат демонстрантите во обидот за упад на прес конференцијата.

Тој на пресот ги нарече демонстрантите хулигани , а лидерите на опозицијата ,,тајкуни и тирани” .

Мицкоски: Ќе разговараме со повеќе партии за владина коалиција

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира.

Разговорите за коалиција ќе се водат во два правци, ние сакаме да разговараме со сите кои се дел од опозицијата за политиките и визијата која треба да се реализира, и ќе дадеме шанса на сите кои биле опозиција, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата Само интервју што се емитува на телевизија Канал 5.

Мицкоски укажа дека од ова раководство на ДУИ не очекува промена на нивните ставови.

„Јас од ова раководство на ДУИ не очекувам промени во позициите и дека би ги поддржале овие политики кои ние ги промовираме. Но, секому ќе му дадеме шанса. Нема да се однесуваме игнорантски како владата до сега“, вели Мицкоски.

Мицкоски укажа дека мора да се има разбирање и за опозицијата и да се излезе во пресрет и на некои барања на опозицијата.

„Не може односот да биде имаме 61 пратеник, мнозинство и на останатите да им се лепат етикети“, кажа Мицкоски.

Според него мора да се ослободат граѓаните од притисокот во кој живеат.

„Видете какви вести има, се сѐ кои од кои полоши. Тоа мора да се смени“, изјави Мицкоски.

ДИК со првични резултати за освоените мандати на вчерашните избори

Претседателот на ДИК , Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни избори.

Државната изборна комисија на 102 седница ги соопшти првичните и официјални резултати од изборите 2024 година.

Тесла утре го прекинува производството во фабриката во Германија, работниците на протест

Tesla утре ќе го прекине производството во фабриката Gruenheide во близина на Берлин, потврдија денеска од компанијата откако во медиумите беше објавено дека фабриката ќе биде затворена четири дена.

Ќе има „еднодневен планиран прекин на производството“ во фабриката на 10 мај, изјави менаџерот на фабриката Андре Тиериг за X.

За време на викендите во фабриката нема производствени активности, а четврток е државен празник во Германија.

Германскиот весник Handelsblatt денеска објави дека Tesla ќе го запре производството во својата германска фабрика на четири дена поради протестите против плановите за проширување на фабриката.

Сите вработени беа замолени утре да работат од дома, според е-поштата што ја видел Handelsblatt и била испратена од компанијата во понеделникот.

Производството ќе заврши со доцната смена во среда и ќе продолжи со ноќната смена во недела, објави Handelsblatt. Пристапот до фабриката ќе биде возможен само со одобрение на менаџерот.

Плановите на Tesla за проширување на фабриката во Германија дојдоа до пречка во февруари кога граѓаните гласаа против предлогот да се расчисти шумата за да се отвори простор за поголем објект.

Активистите најавија неколку протести против проширувањето на Tesla во наредната недела, вклучително и протест закажан за утре пред портите на фабриката.

Продажбата на Tesla во Европската унија падна за 5% во првиот квартал од оваа година во однос на претходната година, заостанувајќи зад растот од 4% на пазарот на електрични возила со батерии во тој период, според податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили.

притисни ентер